Зошто МКхост е сигурен онлајн партнер за твојот веб сајт?
Планирањето на нов онлајн проект кој што сакаш да го започнеш, подразбира и пронаоѓање на квалитетен провајдер. Истиот ќе се грижи за основните елементи за негово успешно функционирање – домен и хостинг.
МКхост како провајдер над 15 години е партнер на многу индивидуи, мали бизниси и поголеми компании, во Македонија и во странство. Погледни ги следните причини зошто над 5500 корисници го прават МКхост водечки македонски провајдер. Ќе се увериш зошто токму ние сме идеален избор за да ја започнеш твојата онлајн приказна.
Постојано инвестираме во подобрување на корисничкото искуство
Нашиот сајт и корисничките профили постојано ги надополнуваме и подобруваме во текот на сите овие години. Целта е постојано да бидеме во чекор со современите трендови. Сакаме твоето корисничко искуство да биде што е можно поедноставно и поавтоматизирано.

Нашиот Кориснички портал со своите карактеристики нуди многу предности. Најголемата е дека можеш да ги контролираш сите твои услуги во МКхост од едно место и од било кој уред. Нашиот тим е секогаш достапен за тебе преку тикетите за поддршка.
Посветени сме на споделување на знаења
Нашиот тим верува дека инвестирањето и споделувањето на знаења е од многу важно значење за континуираното подобрување на заедницата. На овој блог можеш да прочиташ едукативни статии поврзани со маркетинг, веб дизајн, лансирање на веб сајт, и слично. Исто така, имаме и други извори за споделување на знаења.
Во нашата База на знаења, имаме повеќе артикли кои можат да ти бидат од корист додека го градиш твојот веб сајт. Исто така, во изминатиов период, почнавме и со работа на нови видео туторијали кои можеш да ги пронајдеш на нашиот YouTube канал.
Во текот на 2020-та, ја лансиравме и нашата е-книга „Како да го започнеш твојот прв веб сајт“, која можеш да ја симнеш бесплатно од нашиот сајт.
Потврдена гаранција за квалитетна услуга
Од септември 2020-та, МКхост стана официјален партнер на cPanel, најраспространетата платформа за хостинг компаниите во светот.
Преку ова партнерство, МКхост влезе на мапата на релевантни светски хостинг компании, а со истата соработка и нашите хостинг корисници добија дополнителна вредност – уште подобра поддршка, како и дополнителни услуги по одлични цени. Исто така, дедицираните и cloud сервери отсега се директно лиценцирани преку МКхост.

Во исто време, МКхост е и еден од официјалните регистрари на .mk домени на МАРнет, каде МКхост е пазарно доминантен со речиси 30% удел. Тоа значи дека секој трет .mk домен е регистриран преку МКхост.
Техничка поддршка за сите твои потреби
Квалитетот на поддршката која ја нудиме отсекогаш била првата асоцијација на брендот на МКхост. Низ сите овие години постепено и внимателно го градиме нашиот тим кој секогаш е насочен кон задоволство на корисниците.
Постојано сме достапни на повеќе канали за комуникација, без разлика дали тоа е телефон, маил, или социјални мрежи. Ти избираш како ќе нѐ контактираш.
Сакаш да започнеш веднаш?
Нашиот официјален сајт е постојано достапен за тебе. Со едноставна навигација, базирана на принципот на основните елементи на веб сајт (домен – хостинг – веб дизајн), можеш лесно и брзо да ги пронајдеш сите твои потребни информации кои детално те интересираат.
Често го надополнуваме нашето портфолио со нови услуги кои можат да ти бидат од дополнителна корист. Затоа, следи нѐ и биди постојано во тек со сите наши вести!