„Комуникацијата и фидбекот од луѓето се најважни“

Нашиот познат актер Гораст Цветковски, освен на театарската сцена и филмското платно, во гејмерските кругови во Македонија е познат и по својот проект GG.MK.

GG.MK е онлајн медиумска куќа која произведува видео содржини наменети за гејмерската заедница. Најпознат за јавноста е GG ПОДКАСТ, кој се стримува преку интернет секој понеделник од 21:00 часот во живо.

„Производот кој ние го произведуваме може единствено онлајн да живее. Комуникацијата и фидбекот од луѓето е главното гориво и насоката каде да се движиме“, вели Гораст за овој проект.

Проект од овој тип кој привлекува niche публика и има лојална фан база, секогаш има потреба од стабилно и постојано интернет присуство:

„Квалитетна услуга треба да биде минималниот стандард за било што, па така и кога станува збор за хостинг провајдер. Доколку една алка е пукната, ланецот нема да држи.“

За Гораст од пресудно значење за непречено функционирање на неговиот онлајн проект е квалитетната техничка поддршка:

„Најважниот дел кога станува збор за материја која живее деноноќно. Многу често големи зафати се прават навечер и подготвеноста да се одговори во време кога најмногу треба е еден од најважните сегменти.“

За него, МКхост го нуди токму тоа:

„Одлична поддршка. Секогаш стручни и експедитивни. Многу често отстапуваат од своите стандардни процедури за да му излезат во пресрет на клиентот. Тоа дава впечаток дека се тука специјално за него.“

GG има планови за раст во наредната година, а Гораст кажува дека достапноста на содржината е еден од најважните моменти:

„Содржински треба да се расте. Во план се нови емисии, нови епизоди, нов тип на содржина. Сето тоа мора да биде перфектно склопено и достапно во секој момент.“