„Културното наследство има потреба од дигитална визуелизација“
Онлајн присуството е од исклучително огромно значење и за граѓанските организации во Македонија. Едно од тие здруженија е и ХАЕМУС.
Како центар за научно истражување и промоција на културата, работата на ХАЕМУС опфаќа широк спектар на активности кои ги вклучуваат категориите на научно-истражување, менаџмент со културните ресурси, едукација, публикација, промоција и популаризација на културното наследство, сѐ до неговата взаемна интерактивност којашто го допира во голема мера и културниот туризам.
Разговаравме со основачот М-р Василка Димитровска.
„Ние сме организација којашто професионално се занимава во областа на културното наследство и имаме потреба од дигитална визуелизација на нашата работа. Од таа причина, покрај основиот веб сајт на ХАЕМУС кој е прилично обемен поради широкиот опсег на нашата работа, ние поседуваме уште неколку веб страници наменети за презентација и промоција на двата наши бренда: „Обичајот Мартинки“ на којшто сме правни носители во УНЕСКО и „Scupini Romani“, програма создадена за промоција на античката римска култура. Потоа, имаме посебен портал за нашиот официјален УНЕСКО Клуб ХАЕМУС, веб сајт на ХАЕМУС Травел, подружница на ХАЕМУС во областа на креативниот културен туризам, како и две интернет продавници.“
Василка смета дека интернетот е од важно значење за презентирање на македонското културно наследство пред пошироката светска јавност.
„Некојпат подигнуваме и финансиски одржуваме веб сајтови со години, како што е случајот со веб страницата за Кокино, затоа што сметаме дека тоа претставува голема интернет промоција на богатото македонско културно наследство. Со текот на годините создадовме научни и популарни публикации, туристички водичи, едукативни прирачници, каталози, бази на фотографии и видеа и многу други продукти, но исто така нудиме и консултантски и други видови на услуги кои се однесуваат на многу сегменти од културата, уметноста и наследството. Поседувањето на веб сајтовите и особено двете онлајн продавници ни овозможува голема видливост, но и финансиска придобивка, која ја користиме да ги финансираме своите активности и проекти за тие да можат да стигнат до публика од различни категории.“

И во нејзиниот случај, квалитетот на хостинг услугата има голема улога во влијанието на работата:
„Како индивидуалец, услугите на МКхост ги користам скоро 14 години, од самите почетоците на компанија кога го создадов „Археолошки дневник“, свој личен веб сајт којшто сѐ уште постои и претставува интернет катче каде редовно ги запишувам своите размисли за археологијата. Со ХАЕМУС повеќе од осум години ги користиме услугите на МКхост за сите горенаведени активности и веројатно оваа наша лојалност говори многу повеќе од било која препорака.“
ХАЕМУС како организација и во иднина го гледа својот понатамошен развој преку интернет:
„Планираме и понатаму да се развиваме во поглед на е-претприемништвото во областа на креативните индустрии кои се стремат кон дигиталната економија, каде квалитетот на услугите на интернет во многу голема мера влијае на нашата работа.“