Што ново нѐ очекува во 2021-ва на полето на технологијата?
Никој не знаеше ниту можеше да претпостави како ќе заврши 2020-та година откако започна пандемијата. Ковид-19 на некој начин ги принуди бизнисите дигитално да се трансформираат и да се прилагодат на новиот начин на функционирање. Бројот на компаниите кои што онлајн се активираа во последната година е поголем отколку во последната деценија.
Без оглед на негативното влијание на вирусот врз светската економија и технологијата, сепак оваа година има напредок во дел од технолошките трендови кои што се предвидуваат за 2021-ва, меѓу кои:
– Аpi Security
– Cybersecurity
– Internet of things
– Blockchain
API Security
84% од клиентите се полојални на компаниите кои што имаат силни безбедносни контроли на нивните сајтови. Свесни за ранливоста на веб страните, апликациите како и нападите кои што се случуваат, природно, безбедноста на сајтовите и апликациите е најголемата инвестиција во технологијата, особено во изминативе неколку години.
Компаниите порано имаа релативно мал број API, претежно за да се поврзат со ограничен број на внатрешни или партнерски системи. Но повеќе не е така:
- Преминувањето кон архитектура на микросервисите, доведува до разградување на апликацијата во која внатрешните компоненти стануваат независни услуги што изложуваат и трошат API и сите комуникации се случуваат преку мрежата.
- Веб апликации, мобилни апликации како и апликации кои што се хостираат на Cloud – се потпираат на API.
- Многу функционалности како на пример комуникацијата во компанијата, наплатите, аналитиката, се надворешни услуги и се повикуваат преку API.
API Security забрзано станува еден од најголемите предизвици во IT индустријата. Но за среќа има многу алатки кои што се за комерцијална употреба и кои што може да ти помогнат да ја одржуваш безбедноста на твојот сајт со API.
Cybersecurity
Ова можеби не е нов тренд но никогаш нема да застари и секогаш ќе биде актуелна тема. Секојдневно се откриваат нови видови на Cyber закани. Се додека сме изложени онлајн и го користиме интернетот, нападите се неминовни и поради тоа оваа индустрија секогаш треба да напредува и да се подобрува. На прв поглед, големите бизниси може да бидат оние за кои најмногу има можност за Cyber напади, но реалноста е дека помалите бизниси се изложени на поголем ризик.
Денес се повеќе има нови нови технолошки достигнувања во поглед на безбедноста. Се развиваат технологии кои што се борат со Deepfake како и со ранливоста на отворени извори, Blockchain безбедност и сл.
Бројот на работни места во областа на Cybersecurity расте трипати побрзо од другите технолошки работни места, што е уште еден доказ за силната потреба на професионалци во оваа област. Се очекува до 2021-ва, глобално да се потрошат околу 6 трилиони долари за Cybersecurity.

Internet of Things
Уште еден тренд кој што зема голем замав е Internet of things или IoT. Друг ветувачки тренд на нова технологија е IoT. Многу уреди денес можат да се поврзат со WiFi конекција и воедно да разменуваат податоци преку Интернет.
Како потрошувачи, ние веќе користиме многу такви уреди. Можеме да ја вклучиме климата на пат од работа кон дома, да ги заклучиме вратите од далечина, да го следиме нашето вежбање преку паметните часовници и сл. Голем напредок има во медицината и многу средства се вложуваат таму со цел да се подобри негата на пациентите и да има големи придобивки за сите.

Заклучно со 2019 година, има околу 26 милијарди IoT уреди инсталирани низ целиот свет. Според експертите, тој број ќе порасне на неверојатни 75,44 милијарди. Ова е самата дефиниција за трендот и нема запирање.
До сега, секое лице има просечно 4 поврзани уреди. До 2030-та година, би имале по 15 уреди. Според некои истражувања, неговата пазарна вредност е околу 150 милијарди долари.
Blockchain
Терминот Blockchain многу луѓе го поврзуваат со криптовалути како што е Биткоин, Blockchain нуди сигурност која што е корисна на друг начин. Може да се опише буквално како да создавате врска од блокови за да формирате синџир, па оттука и името – Blockchain. Фактот дека претходните блокови не можат да се менуваат е централната точка на неговата безбедност. Друга главна карактеристика на блокчејн е тоа што ниту еден единствен субјект не управува со него.
Не можејќи да ги смените претходните блокови е тоа што го прави толку безбеден и не е потребна трета страна за да се надгледуваат или потврдуваат трансакциите.
Blockchain има големо влијание и во областа на Internet of Things. Оваа технологија е добро решение за безбедност на уредите на IoT.
Иако технологиите се појавуваат и се развиваат насекаде околу нас, на овие технолошки трендови се гледа како потенцијал за нови кариери како и за тоа полесно да предвидиме што не очекува во иднината. Останува да видиме како новите технологии ќе влијаат на сите нас и промените што ќе ги предизвикаат во новата 2021-ва година.