Овие новогодишни празници заедно да донесеме среќа и здравје!
2020-та година ни донесе многу предизвици и нови ситуации на кои сите ние требаше да се прилагодиме и да ја прифатиме новата реалност. Пандемијата која што го зафати целиот свет, нанесе удар на сите индустрии, но најмногу се почувствува во здравството. Поради тоа, оваа година се решивме да направиме сосема поинаква новогодишна промоција со која се надеваме дека ќе помогнеме онаму каде што најмногу сме потребни, а тоа е токму здравството. Се одлучивме дел од средствата од овогодинешната новогодишна промоција да ги донираме во ЈЗУ Општа болница Куманово за борба против Ковид-19.
10% од секоја направена фактура во МКхост, ќе биде донирана во ЈЗУ Општа болница Куманово за борба против Ковид-19. На тој начин сите заедно – и ние како фирма, но и нашите сегашни и идни корисници, да се вклучиме во хуманитарната акција која што ќе трае од 15.12.2020 до 15.01.2021.
Причината поради која што се одлучивме да биде ЈЗУ Општа болница Куманово, покрај тоа што е една од позагрозените здравствени установи, е тоа што почетоците на нашата фирма потекнуваат од Куманово и решивме на некој начин да се вклучиме во акција и да му помогнеме на градот во кој се роди идејата за МКхост.
На нашиот homepage, можеш да го следиш прогресот на хуманитарната акција.
Да ја завршиме 2020-та со убав гест и да донесеме среќа ♥️.