„Основата на успешен бизнис е задоволен клиент“

„Сите сме свесни дека бизнисот треба да биде присутен таму каде што се и вашите купувачи – како offline, така и online.“ вели извршниот директор на компанијата Nova Solutions од Битола, Предраг Стојковски.

Кризата со коронавирусот во текот на 2020-та само ги зајакнало позициите на компаниите со онлајн присуство.

„Се покажа дека оние бизниси кои што веќе имаа дефинирано и развиено интернет алатки за продажба и присуство на нивниот бизнис по пат на интернет, немаа големи загуби, за разлика од оние бизниси кои што на интернетот гледаа со скепса.“

Предраг раскажува дека Nova Solutions е прва интернет маркетинг компанија во Македонија, креирана во 2007-ма година година.

„Први започнавме со креирање на маркетинг кампањи по пат на социјалните мрежи. Нашите маркетинг активности за клиентите не претставуваат само креирање на маркетинг кампањи на социјалните мрежи, туку и комплетни маркетинг активности – како offline, така и online. Исто така, креираме визуелен идентитет на компаниите (брендирање), креирање на корпоративни видеа и изработка на специјализирани веб сајтови.“

Фокусот на Nova Solutions е секогаш кон задоволување на потребите на корисниците.

„Она што е најпозната работа е дека задоволните клиенти донесуваат уште поголеми порачки – и самите купуваат повеќе од вас и исто така ве препорачуваат. Но тоа е можно само доколку се испорачува квалитетна услуга/производ. Тоа е основата на успешниот бизнис – задоволен клиент.“

Оваа компанија соработува со МКхост веќе цела една деценија.

„Од досегашното искуство во соработка со МКхост, можеме да издвоиме неколку битни работи за нас, како и нашите клиенти кои што ги препорачуваме до МКхост: стручност на вработените: брзо идентификување на проблемот и ефикасно елиминирање на истиот, лесна и непречена комуникација, како и достапност во секој момент.“

Секој бизнис има потреба од квалитетна техничка поддршка, а тука се согласува и Предраг. Тој смета дека нивото на квалитет на услугите директно зависи од поддршката.

„Бидејќи и сами нудиме поддршка на нашите клиенти и нам ни е важно да во секој момент имаме квалитетна техничка подршка. Секој бизнис е динамичен, особено бизниси што продаваат на интернет, така што за да се задржи нивото на давање на квалитетни услуги, треба да се има соодветна и квалитетна техничка подршка – постојано функционирање на маилови, веб сајт и хостинг“.

Филозофијата на Nova Solutions е во позитивно ориентирана корпоративна култура, на која Предраг го должи и успехот на оваа компанија. Тој со задоволство ги планира идните проекти.

„Наредниот период имаме планови на проширување на нашиот бизнис, не само во поглед на нови клиенти, туку и на нудење на нови услуги и отворање на нови пазари.“