Успешно ја завршивме нашата новогодишна хуманитарна акција!

Хуманитарната акција што ја организиравме за борба против Ковид-19 во период помеѓу 15.12.2020 до 15.01.2021, е успешно завршена.

Средствата веќе се префрлени на сметката за донација на ЈЗУ Општа болница Куманово.

Се надеваме дека со овој мал придонес, ќе помогнеме онаму каде што овој период сите ние бевме најпотребни.

Сакаме да се заблагодариме на директорката, Снежана Захариева, за пристапот и одличната организација поради која сѐ помина непречено.

Исто така сакаме да се заблагодариме и на сите наши корисници кои индиректно учествуваа во хуманитарната акција и кои помогнаа да ја оствариме нашата цел.

Ова само нѐ поттикна да размислуваме и да организираме нови акции во иднина со кои ќе придонесеме повеќе во општеството.