Што е SSL сертификат? Водич за почетници
SSL сертификатите овозможуваат на веб сајтовите да го променат нивното url од http:// во https://. Но што всушност значи дополнителното S во url-то? Тоа значи дека твојата конекција со конкретниот веб сајт е безбедна и шифрирана. Сите податоци што ќе ги споделиш со сајтот, се безбедни. SSL (Secure Sockets Layer) сертификат е дата фајл кој што е хостиран на серверот каде што е хостиран веб сајтот.
Како потрошувач, особено ако извршуваш онлајн плаќање и споделуваш доверливи информации, ќе сакаш да видиш https:// во url-то.

Што се SSL сертификати?
SSL сертификати се мали датотеки со податоци што криптографски воспоставуваат шифрирана конекција помеѓу сервер и пребарувач. Ваква конекција гарантира дека сите податоци пренесени помеѓу серверот и пребарувачот остануваат приватни.
Компании кои што бараат лични информации како што се, email, адреса, информации за плаќање, треба да имаат SSL сертификати на нивните сајтови. Тоа значи деталите што корисниците ги споделуваат, ќе бидат приватни и безбедни.

Кои информации ги содржи SSL сертификатот?
SSL сертификатите вклучуваат:
- Името на доменот за кој е издаден сертификатот
- На кое лице, организација или уред е издадено
- Кој надлежен орган го издал сертификатот
- Дигитален потпис на надлежниот орган
- Датум на издавање на сертификатот
- Датум на истекување на сертификатот
- Поврзани поддомени
- Јавен клуч (приватниот клуч се чува во тајност)
Јавните и приватните клучеви што се користат за SSL се во суштина долги низи на карактери што се користат за криптирање и дешифрирање на податоците. Шифрирани податоци со јавен клуч можат да се дешифрираат само со приватен клуч и обратно.
Како SSL влијае на SEO?
Иако примарната цел на SSL е да го направи сајтот побезбеден, влијае и на рангирањето пребарувач. Според аналитичарите на Google Webmaster Trends, SSL е дел од алгоритамот за подобра оптимизација. Најдобра споредба е помеѓу два веб сајта, кои што имаат слична содржина и слично се оптимизирани, сајтот кој што има SSL сертификат ќе се смета за поверодостоен и може да добие подобро рангирање.
6 причини зошто мора да имаш SSL сертификат на твојот сајт?
Безбедноста на податоците на интернет стана голема тема која иницираше многу дискусии во последниве години. Во претстојниот период, ова прашање ќе поттикнува сè поголема свесност помеѓу интернет корисниците.
Погледни како SSL сертификатите помагаат во сигурноста и доверливоста кога посетителите пребаруваат на твојот сајт,
Како можеш да закупиш SSL сертификат?
Првиот чекор е да одредиш каков вид на сертификат ти треба. Во зависност од содржината на сајтот како и дали има посебни домени/поддомени, може да значи дека се потребни различни SSL сертификати. За повеќето сајтови, стандарден SSL сертификат ќе ја покрива содржината.
- Personal SSL – Наменет е за помали персонални веб сајтови и има силна енкрипција на податоци.
- E-commerce SSL – Одличен за професионален e-commerce веб сајт со кои ќе имаш безбедни онлајн трансакции.
- Multi SSL – Сертификат наменет за сите поддомени на еден веб сајт.
За сите сертификати следи бесплатна инсталација од страна на нашиот support тим.
Дококу имаш било какви прашања, слободно исконтактирај нѐ и нашиот тим соодветно ќе ти одговори.