5 причини зошто нашиот Кориснички портал е одличен за користење

Сигурно веќе знаеш дека една од фунционалностите која го прави твоето корисничко искуство со МКхост уште подобро и поквалитетно е нашиот Кориснички портал.

Воведен во 2019-та година како дел од новиот бренд идентитет на МКхост, Корисничкиот портал е еден од нашите најголеми адути за да го направиме целиот процес на лансирање и развој на твојата онлајн приказна уште полесен и поедноставен.

Кои се причините поради кои Корисничкиот портал на МКхост е одличен за сите наши корисници?

Можеш да контролираш сѐ од едно место

Навистина, до толку е едноставно. Со клик и најава на portal.mkhost.com, веднаш се вклучуваш на главниот интерфејс на Порталот.

Оттука, буквално имаш пристап до сите твои активности во МКхост – независно дали тоа се услугите кои ги имаш закупено кај нас (хостинзи, домени), или пак сите плаќања (минати и идни) кои те очекуваат.

Нашиот тим е секогаш достапен

Имаш некое прашање или сугестија? Директно преку нашиот Портал можеш да испратиш тикет, или пак да оставиш сугестија за нашите услуги. Преку Порталот имаш пристап до сите твои тикети до нашиот тим во минатото, со што истите се брзо достапни и прегледни.

Покрај тоа, во Порталот е интегрирана и нашата База на знаење, преку која брзо можеш да стигнеш до одговори на твоите прашања поврзани со услугите на МКхост.

Сето ова ја зајакнува мисијата на МКхост, нашите корисници и корисничка поддршка секогаш да бидат на прво место.

Сакаш да купиш уште нешто?

Нема проблем! Целата онлајн продавница на МКхост е имплементирана во Корисничкиот портал. Сакаш да закупиш дополнителен домен, или уште еден хостинг пакет? Истото можеш да го сториш во само неколку чекори.

Но, освен тоа, Порталот нуди и друга одлична можност. Твоите веќе постоечки хостинг пакети можеш да ги надоградиш само со еден клик, избирајќи соодветен пакет кој ќе одговара на твоите потреби!

Оптимизиран е за сите уреди

Стереотипот дека вакви „комплицирани“ системи поврзани со одржување на твоите услуги и онлајн плаќања можат да се вршат најдобро само преку десктоп верзија се веќе минато.

Нашиот Кориснички портал е оптимизиран за да го добиеш истото одлично корисничко искуство на сите можни уреди.

Порталот постојано се надоградува

Еден од најважните фактори за еден ваков систем како што е нашиот Кориснички портал е истиот постојано да се прегледува и надополнува со нови фунционалности. Помеѓу главните цели на МКхост е толку Порталот да продолжи со својата надоградба.

Во наредниот период, од Порталот може да се очекуваат неколку нови функционалности, како што се дигитални фактури, или пак можност за додавање на други контакти кои ќе може да менаџираат со твоите услуги.

Доколку имаш дополнителни прашања околу нашиот Кориснички портал, ги очекуваме твоите прашања на 02 2779 444 или info@mkhost.com!