Што најмногу сакаат да знаат корисниците на МКхост?

Поседувањето на сопствен веб сајт често се чини како комплициран потег кој подразбира многу технички и напредни вештини. Сепак, кога имаш хостинг провајдер кој се грижи за тебе со одлична техничка поддршка, твоето онлајн искуство станува поедноставно, оставајќи те да се посветиш на твојот главен фокус и бизнис цели.

Покрај различните начини преку кои можеш да го контактираш МКхост, една од омилените опции за поддршка на нашите корисници е Базата на знаење која нуди повеќе текстуални и визуелни прикажувања на функционалностите на МКхост за поедноставно управување со твојот сајт.

Кои се најчесто поставувани прашања на нашите корисници кога ја посетуваат нашата База на знаење? Погледни во продолжение.

Која е разликата помеѓу домен и веб хостинг?

Ова се чини како основно прашање од кое што поаѓа создавањето на еден веб сајт. За старт, доменот и хостингот, заедно со веб дизајнот, претставуваат трите клучни елементи на еден веб сајт. Без било која од овие три фактори, сајтот не може да функционира во интернет просторот.

Доменот претставува карактеристично име за секој веб сајт, односно уникатна адреса по која посетителите те препознаваат. Од друга страна, веб хостингот е простор алоциран на сервер, прикачен на брза интернет конекција, и кој овозможува корисниците непречено да го посетуваат твојот сајт.

Во корпоративната филозофија на МКхост, трите основни компоненти на еден веб сајт ги споредуваме со еден обичен дом, со цел да го поедноставиме терминот „веб сајт“ до сите корисници кои имаат потреба од него, без разлика дали се технички потковани или не.

>>Прочитај повеќе

Како да креираш емаил адреса?

Комуникацијата преку електронска пошта е еднакво важна во денешно време како и во минатото, а се чини дека влијанието на емаил маркетингот не сопира.

Една од најпобаруваните функции на корисници кои имаат закупен веб хостинг и домен е преку нив да направат сопствени емаил адреси.

Со закуп на хостинг пакет во МКхост, добиваш податоци за најава на твојот контролен панел (cPanel). cPanel претставува контролен панел, преку кој може да управуваш со твојот хостинг простор, односно да поставуваш содржини за твојот веб сајт, да креираш бази на податоци или пак да креираш емаил адреси.

>>Прочитај повеќе

Која е разликата помеѓу Linux и Windows пакетите?

Можеш да забележиш дека во понудата на хостинг пакети, најзастапени се оние базирани на Linux и Windows платформите.

Главната разлика меѓу нив е што Linux е најупотребувана хостинг платформа кај корисниците и поддржува голем број на апликации, јазици и датабази. Од друга страна, Windows е одлична опција за оние кои ги користат технологиите на Microsoft.

>>Прочитај повеќе

Како да го префрлам мојот сајт во МКхост?

Имаш веќе постоечки веб сајт кој сакаш да го префрлиш во МКхост? Не грижи се, оваа постапка е едноставна и може да се изврши низ само 5 чекори.

Тука е секогаш нашиот тим за корисничка и техничка поддршка да ти помогне и да те спроведе побрзо низ сите чекори, со цел твојот сајт да продолжи да функционира беспрекорно и непрекинато.

>>Прочитај повеќе

МКхост