Нашето искуство со Cloud сервери

МКхост како број 1 регистрар и хостинг компанија во Македонија до пред две години своите сервиси ги хостираше на дедицирани сервери. На дедицирани сервери беа поставени нашите маил-ови како и сите внатрешни сервиси кои секојдневно ги користиме за работа и од кои зависи нашето комплетно функционирање.

Знаејќи ја важноста на сите сервиси кои ни се потребни за непречено работење, постојано правевме подобрувања на конфигурацијата која ја користиме. Подобар сервер, RAID конфигурација, подесување на Backup, disaster recovery solutions итн, сѐ со цел да сме обезбедени за било какви несакани моменти. Постојано вложувавме и се трудевме за подобара архитектура, подобра конфигурација што бараше од нас и повеќе финансии од хардверски аспект но и поголем ангажман на администраторите за конфигурација/реконифуграција на новата архитекутра и следење на истата. И покрај огромното вложување, особено во делот на безбедност и заштита на податоците (cyber security), сепак како да не бевме доволно сигурни во делот на disaster recovery и неговото опоравување и функционирање при настанат проблем.

Следејќи ги постојаните светски трендови и посетувајќи ги светските конференции, сѐ повеќе ја чувствувавме потребата за миграција на нашите сервиси на она што е иднината – cloud.
Пред неколку години, колку и да звучеше невозможно и нешто што е далеку од нас како технологија, како што поминуваше времето и како учевме за можностите на cloud, само по себе се наметна потребата за префрлање на сите внатрешни сервиси на истиот.

Знаевме дека ова нема да биде лесен чекор, особено поради тоа што сите интерни сервиси се тесно поврзани меѓусебе и првиот чекор што го направивме беше учење и запознавање со cloud и сите негови можности. 

По темелно истражување дојдовме до заклучок дека пред се, најдобро е да го мигрираме нашиот интерен маил сервис на cloud. Имаме преку 20 емаил акаунти, тикетинт систем, автоматски пораки, сервиси кои зависат од добиени пораки итн. па знаевме дека промената нема да помине баш најлесно.
Од технички аспект сите „проблеми“ ќе се решат, но тука беше и моментот сите вработени да го прифатат новиот начин на работа.

Направивме детален план, ги мигриравме сите маил-ови на Cloud и направивме интерна обука на вработените за промените што следеа по миграцијата.
Следниот чекор беше целата наша интерна документација да оди на cloud. Пред миграцијата, сите интерни word/excel документи на вработените беа само на лаптоп на работа.
Се јавуваа проблеми доколку вработениот е на одмор и немаме пристап до одреден документ што во тој момент ни е потребен и поради тоа целата документација ја префрлиме на Cloud.

Користиме sharing на документи и можеме до истите да пристапиме од било каде и било кога со само неколку клика на нашиот smart phone. Направивме подетална интерна документација и многу побрзо и многу полесно почавме да споделуваме се што знаеме со што се зголеми ефикасноста и квалитетот на работење на сите вработени.

Следно беше раздвојување на сите внатрешни сервеси на повеќе cloud инстанци. Знаевме дека ова нема да биде лесно, па се подготвивме со тоа што новиот сајт и новиот клиетнски дел ги направивме флексибилни и од почеток ги поставивме на cloud. Беше голем чекор, но со оглед на тоа што беа сервиси кои ги почнувавме од нула, интеграцијата беше лесна а она што го добивме беше непроценливо. Немавме повеќе грижи за хардвер, направивме автоматски диплојмент на cloud со што многу се олесни работата околу оддржувањето на новите содржини на сајтот и на порталот.
Пред овие 2 сервиси да одат во продукција, направивме миграција на уште два внатрешни сервиси кои се поврзани со сајтот и клиентскиот портал но и со нашето внатрешно работење.
Поставивме dev, test и production околина. Првото сетирање нормално дека побаруваше поголем ангажман но целосно и комплетно се исплатеше.

Сѐ на се првиот deploy во продукција ни беше голем повод за славење.

Сега сите сервиси се на засебни инстанци и секоја од нив има соодветни disaster recovery решенија. Нема повеќе грижи за cloud а и работата околу сајтот и порталот е далеку поедноставена и побезбедна. 

Добивме поголема безбедност, сигурност, ефикасност и квалитет во работата.
Сепак работата не застанува тука. Сѐ уште учиме за нови работи и се трудиме да ја оптимизираме архитектурата.

Искуството со префрлање на cloud е комплетно позитивно а продобивките се повеќе од огромни.

МКхост секогаш се грижи и за безбедноста на сите наши корисници па поради тоа користиме и cloud како remote backup на сите хостинзи активирани кај нас. Чуваме по две копии на годишно ниво на cloud локација со цел имплементација на дополнителен disaster recovery.

Имајќи го целото позитивно исксутво и продобивките на cloud, од неодамна МКхост почна да нуди и cloud решенија за нашите корисници.