Веб дизајн трендови што треба да ги поседува твојот веб сајт (2020)
Твојот веб сајт е најважната маркетинг алатка.
Веб дизајнот е важен за секоја компанија за да го направи веб сајтот привлечен и да остави впечаток на потенцијалниот клиент. Добар веб дизајн влијае на таргетираната публика и нивното мислење за твојот бизнис. Покрај добриот веб дизајн, содржината секогаш мора да биде обновувана и информативна со цел посетителите да останат подолго на страната и подоцна да конвертираат во клиенти.
Редизајн на веб страна е инвестиција која што ќе се исплати на подолг рок. Кога зборуваме за редизајн и модернизација на веб сајт, тоа не значи дека мора да се смени целосниот изглед на брендот туку се мисли на функционални ажурирања на страната кои што ќе помогнат во остварување на целите на компанијата.
Во моментот, повеќе од 4.33 милијарди корисници се активни на интернет. Поради брзиот раст на онлајн корисниците, се наметнува очекувањето дека веб сајтовите треба да бидат user friendly. Дури 88% од онлајн потрошувачите нема да се вратат на твојот сајт доколку имаат лошо искуство со истиот.
Трендовите за веб дизајн постојано се менуваат. Графичките дизајнери сѐ повеќе експериментираат со бои, стилови, екстремни дизајни.
Дизајни што се очекуваат дека ќе бидат тренд за оваа година 👇🏻
- DARK MODE

Покрај тоа што изгледа ултра модерно, дизајнерските елементи се истакнуваат и се повоочливи.
За да се постигне подобра естетика, препорачано е да се користи темна сива (#121212) наместо чистата црна (#000000). Темно сивите површини можат да изразат поширок спектар на боја, длабочина и се добива поестетски изглед.
Според графичките дизајнери, темните теми се препорачани за OLED екрани. Покрај модерниот и футуристичкиот изглед, како две поголеми предности се издвојуваат заштедувањето на енергијата и влијаењето на квалитетот на дисплејот.
- ЈАКИ БОИ И ЕДНОСТАВЕН ДИЗАЈН

Се повеќе брендови сакаат да се истакнат пред своите конкуренти и поради тоа користат јаки и светли бои.
Со ваквиот дизајн бизнисите ќе успеат да го привлечат вниманието на потрошувачите и да остават посилен впечаток. Корисниците сѐ повеќе имаат моќни телефони кои имаат многу добри дисплеи со широк спектар на бои, што е плус за овој дизајн совршено да се вклопи и да ги исполни очекувањата на потрошувачите.
Во последните неколку години, едноставниот дизајн е најкористен од страна на бизниси што имаат онлајн продавница.
- АСИМЕТРИЧЕН ДИЗАЈН

Навикнати на совршените дизајни кои доминираа со години, овој тип на дизајн со несовршени и рачно цртани елементи стануваат сѐ попривлечни за корисниците бидеќи му даваат необичен изглед на сајтот.
Стилизираните и рачно цртаните икони, како и разиграниот дизајн проектираат позитивност и будат емоции кај корисниците, со што го истакнуваат индентитетот на брендот и го прават уникатен пред останатите конкуренти.
- ВПЕЧАТЛИВИ ФОНТОВИ

Понекогаш зборовите може да остават поголем впечаток од самата фотографија на сајтот. Со развиеноста на алатките, како и уреди што подржуваат прилагодени и динамични фонтови, 2020 се очекува да биде година каде што многу бизниси ќе имаат смели изјави кои што ќе ги издвојуваат од толпата.
- КОМБИНАЦИЈА НА ФОТОГРАФИЈА И ГРАФИКА

Користењето на оригинални графики со реални слики им остава простор на графичките дизајнери да експериментираат со својата креативност. И покрај флексибилноста на овој тренд, илустрациите и графиките мора да одговараат на стилот на твојот бренд.
Очигледно 2020 ќе изобилува со уникатни и добри дизајни.
За да останеш успешен на пазарот, твојот веб сајт мора да изгледа одлично и да ја таргетира вистинската публика. Покрај добриот изглед на сајтот, маркетингот игра важна улога доколку сакаш да се шириш и повеќе луѓе да дознаат за твојот бренд.
Создади brand awareness и искористи ги социјалните платформи за да допреш до што поголем број на потенцијални клиенти. Кога корисникот ќе дојде на твојата страна, треба да се почувствува дека е на вистинското место.
Корисниците во неколку секунди одлучуваат дали ќе му веруваат на твојот бизнис или ќе бараат друга подобра опција. Веб дизајнот мора да е едноставен и лесен за управување со цел публиката да се врати повторно. Како што уредите и технологијата напредуваат, сѐ повеќе веб дизајнери доаѓаат со уникатни и креативни дела кои што ќе доминираат во текот на 2020.