Стартап Викенд Скопје: Од бизнис идеја до нов стартап за 3 дена

Oд 29 ноември до 1 декември во Инофеит ќе се одржи Стартап Викенд Скопје – настан кој е поддржан од Techstars и Google for Entrepreneurs. На овој настан за само 3 дена ќе имаш можност во тим, да ја развиеш твојата бизнис идеја која што може да прерасне во успешна бизнис приказна.

Секогаш сакаме да ги поддржиме младите ентузијасти кои што имаат одлични идеи и истите да прераснат во успешен бизнис. МКхост по 4ти пат е дел од овој настан и со задоволство и оваа година ќе ги поддржи натпреварувачите и победниците.

Претходните години се доказ дека многу успешни идеи може да се реализираат во само 54 часа кога ќе се здружат млади од различни сфери како што се маркетинг, програмери, дизајнери и други.

Во овие 3 дена натпреварувачите ќе имаат обезбедено welcome package, материјали потребни за работа, оброци. Акецнтот е ставен на networking каде што учесниците ќе се запознаат со повеќе од 100 луѓе од кои можеби дел од нив ќе станат твои соработници во иднина.

За да учествуваш, пријави се индивидуално или со тим на овој линк. Местата се ограничени, затоа побрзај и обезбеди го твоето место!