МКхост беше дел од WordCamp Skopje
WordCamp Skopje е настан за сите WordPress ентузијасти поддржан од „Wordpress Fondation“. Главниот товар на организацијата паѓа на волонтерите и ентузијастите кои се дел од самиот настан.
WordCamp Skopje 2019 претставува дводневна конференција каде ентузијасти и експерти за WordPress споделуваат искуства од работењето во секоја област поврзана со WordPress преку програмирање до data science како и маркетинг.

Првиот ден од конференцијата беше 5ти октомври и истиот тој беше резервиран за предавања. Она што е интересно е дека вториот по ред WordCamp Skopje имаше две траки, една на македонски и една на англиски јазик.
Акцентот беше ставен на теми како што се функционален и модерен веб дизајн, предности и нови можности што ги нуди WordPress, како и предизвици и соодветни решенија поврзани со работата во WordPress.
На двете траки паралелно се дискутираа различни теми од супер предавачи кои се експерти во таа област.
Нашиот веб тим присуствуваше на настанот и сподели доста интересни искуства и секако задоволството од настанот и од предавачите и темите кои беа на тој настан беше на видно високо ниво.

Научивме нови Tips & Tricks во делот на security , SEO од оптимизација до маркетинг, storytelling до e-commerce, предности и нови можности што ги нуди WordPress, како и предизвици. Запознавме интересни предавачи, имавме можност да продискутираме со сопственикот на WEGLOT имавме интересен викенд исполнет со интересни случувања, збогатен со нови искуства и знаења.
Се надеваме и наредна година дека ќе има можност за WordCamp 03 каде ќе има повеќе траки и можности да научиме уште нови работи, и се разбира да запознаеме нови инспиративни луѓе и можеби да бидеме дел од предавачите.