Зошто рекламирање преку Facebook е добро за твојот онлајн бизнис?
Социјалните мрежи треба да бидат дел од секој бизнис кој што се стреми да навлезе во дигиталниот свет. Преку социјалните платформи најбрзо се споделува содржината која што сакаш да ја презентираш.
Со тоа, ќе можеш да допреш до што повеќе корисници. Ако ги користиш социјалните медиуми само органски, не го користиш нивниот целосен потенцијал за да допреш до што поголема публика.
Facebook е најпопуларна алатка за социјален маркетинг, користена дури од 62% од локалните компании. Издвоивме 5 причини зошто да почнеш да ја користиш оваа платформа за ширење на твојот бизнис:
1.Најевтина форма за рекламирање онлајн
Со само 5 долари може да допреш и до 1000 корисници. Буџетот можеш да го сетираш уште на почеток. Кога ќе го потрошиш зададениот буџет, рекламите ќе престанат да се покажуваат.
Секако, со поголем буџет, бројот на публиката до која што ќе се прикаже рекламата, се зголемува.

2. Твоите потрошувачи поголемиот дел од времето го поминуваат на Facebook
Повеќе од 80% интернет корисници имаат профил на Facebook. Активните корисници во просек поминуваат 40 минути дневно на оваа платформа.
Затоа, еден од поголемите бенефити на рекламирањето на оваа платформа е што потрошувачите ја користат секојдневно, дури и по неколку пати на ден.
3. Можеш да таргетираш конкретна публика
Поради тоа што Facebook има доста информации за своите корисници, можеш да го искористиш тоа и да таргетираш конкретна публика која што одговара на твјот бизнис.
Оваа платформа овозможува да ги бираш корисниците според пол, години, занимања, локација, интереси, како и други карактеристики.
Втора опција е да користиш “lookalike audiences”. Тоа е публика која што е слична на твојата моментална селектирана листа.
4. Рекламирањето на Facebook е брзо
Рекламирањето е брзо и резултатите се видливи веднаш. Со една реклама можеш уште денес да допреш до илјадници корисници. Ако сакаш брз и едноставен начин да дојдеш до нови клиенти, Facebook е најдобрата опција.

5. Рекламирањето на Facebook ги зголемува продажбата и приходите
За побрзо и успешно да дојдеш до посакуваните резултати, треба искуство. Некогаш можеш да вложиш многу пари, но да немаш солидни резултати и твојата инвестиција да не биде вратена.
Затоа најдобро е да се консултираш со експерти кои го работат ова подолго време, и кои ќе ти помогнат рекламите да бидат ефективни и да допрат до вистинската публика.
Рекламирањето на Фејсбук треба да биде една од првите работи што треба да ги направиш доколку сакаш да го прошириш твојот бизнис. Со оваа платформа лесно ќе ја зголемиш свесноста за твојот бренд, како и да дојдеш до нови корисници кои што подоцна би станале твои потенцијални клиенти.