Славиме 13 години. Сакаме нешто да кажеме околу тоа.

1-ви септември 2006-та. Моментот кога официјално МКхост започнува да функционира како мала и надежна хостинг компанија.

13 години подоцна, МКхост е повеќе од само поим за веб хостинг во Македонија.

Денес секој трет .mk домен е регистриран токму преку МКхост. Вкупно, повеќе од 4.500 активни задоволни корисници на хостинзи и домени го прават МКхост најголемо онлајн семејство во земјава.

Со задоволство можеме да кажеме дека МКхост помогна на многу индивидуи и бизниси да го прошират своето присуство онлајн, и со тоа да учествуваат во градењето и развивањето на македонската интернет индустрија.

Денес МКхост е изграден стабилен тим со повеќе од 10 луѓе кои активно партиципираат нашите корисници да бидат постојано задоволни и да ја имаат најдобрата техничка поддршка. Тимот на МКхост е семејство.

13 години подоцна, гордо можеме да кажеме дека МКхост е, ни повеќе ни помалку, туку „Дом за твојот веб сајт“.

Продолжуваме понатаму!