Побрзо и поедноставно до повеќе домени во МКхост

Како компанија, ние од МКхост секогаш вложуваме за нашите постојани и идни клиенти. Изминатиов период работевме на многу внатрешни проекти и подобрување на сите сервиси кои ги нудиме, сѐ со цел да го подобриме функционирањето и работењето со нашите клиенти.

Еден од проектите на кои што работевме беше и автоматизирање на процесот на регистрација/обнова, како и менаџирање на домените кои клиентите ги имаат закупено кај нас. 

Доколку треба да нарачаш еден, два или неколку домени и услуги кај нас, процесот е веќе брз, лесен и  едноставен преку нашиот сајт https://mkhost.com за новите клиенти, и клиентскиот портал за постоечките клиенти https://portal.mkhost.com

Но, за сите моментални и идни клиенти кои имаат поголем број на домени кои треба да ги менаџираат или почесто да прават нови нарачки, процесот за постојаното најавување на наш систем и правење на “рачна“ нарачка, повторно ја комплицираше и отежнуваше работата. 

Свесни за ова, изминатиов период напорно работевме и со особено задоволство сакаме да информираме дека МКхост овозможи целосна автоматизација на процесот за менаџирање со домен преку изложување на API интерфејс. Целото менаџирање е автоматизирано, од регистрација на домени, нивната обнова, па сѐ до промена на именски опслужувачи и контакти.

Документацијата за API интерфејсот можеш да ја погледнеш на следниов линк: https://app.swaggerhub.com/apis-docs/mkhost/mkhost-third-party-app-api
Со истиот, работењето со твоите домени ќе биде брзо, лесно и едноставно.


Дополнителни добри вести имаме за сите клиенти кои го користат WHMCS модулот за менаџирање со домени/хостинг услуги. WHMCS модулот може да се најде на официјалниот GitHub профил на МКхост: https://github.com/mkhost/whmcs

Најголема придобивка со овие новости ќе имаат моменталните, но и идните клиенти кои што имаат потреба од работење со повеќе домени закупени кај нас. За сите клиенти кои би регистрирале или трансферирале повеќе домени со тек на времето, МКхост изработи и специјални понуди кои може да се прегледаат на следниов линк: https://mkhost.com/mk/domains/bulk

Подетални информации околу користење и подесување на WHMCS модулот можеш да пронајдеш на следниов туторијал: https://mkhost.com/mk/other/knowledgebase/220

МКхост не застанува тука, и веќе работи на проширување на автоматизација за хостинг услуги, како и за дополнителните и нови сервиси за кои ќе бидеш известен во блиска иднина.

Доколку имаш некои прашања, или пак ти треба дополнителна поддршка во подесување на WHMCS модулот, користење на API интерфејсот слободно контактирај нѐ.