Од пракса до работа: Бојан, Тицијан и Иван ни го споделуваат нивното искуство

Секој студент, пред почетокот на својата кариера треба да помине низ соодветна програма за пракса со цел да се стекне со знаење, искуство како и вештини кои што понатаму ќе му бидат потребни за професионалниот развој.

Најважен сегмент од практиканството е студентите да го интегрираат своето знаење со кое што се стекнале за време на студирањето и практично да го применат.

МКхост секоја година се стреми да обезбеди пракса за студентите. Секој практикант си има свој ментор кој преку свое искуство и интересни проекти се обидува полека да го воведе во работата и да му помогне полесно да ги совлада задачите што треба да ги заврши.

Тицијан, Бојан и Иван ја поминаа летната пракса која на крај резултира со вработување и еве што имаат да ни кажат за нивното искуство во МКхост:

Здраво, моето име е Бојан Крстевски и моментално сум на крајот од моите студии на ФЕИТ. Во МКхост веќе сум 3 месеци каде го продлабочив моето знаење преку пракса. Уште од првиот ден ја почувствував пријатната атмосфера за работа како и позитивното однесување на колегите кои што веднаш ме прифатија и ми овозможија да се чувствувам како дел од тимот на МКхост.

Во изминатиот период го надоградував моето знаење и искуство за одредени технологии како PHP,jQuery,JavaScript,Ajax,Laravel,WordPress  кои се темел за профилот кој сакам да го работам, го подобрив мојот пристап кон решавање на проблемите и добив увид за тоа како функционира една ИТ фирма. Со помош на колегите и нивната поддршка стекнав поголема самодоверба и сум мотивиран да одговорам на новите секојдневни предизвици и проблеми.

Крајот на праксата и започнувањето на новиот месец донесе нов предизвик за мене, вработување.

Здраво, јас сум Тицијан Бојковски, студент на Финки. Иако сум во почетокот на студиите, голем дел од моето време го посветував во изучување на програмирањето.

Првата шанса за пракса ми ја обезбеди МКхост, каде успеав да го продлабочам своето знаење во следниве технологии PHP, Javascript, jQuery, Laravel и WordPress.

Заедно со колегите полесно ги совладував дневните задачи и бев мотивиран да се вложам максимално за проектите што ги имавме од нашите клиенти.

Целокупната атмосфера беше пријатна, како и вработените кои секогаш се позитивни, насмеани и разбирливи. По завршување на праксата, вложениот труд ми возврати со вработување.

Hi! Јас сум Иван, моментално трета година од додипломските студии на UACS, смер компјутерски мрежи. Праксата е задолжителен дел од студиите, а ова лето бев доволно среќен мојата пракса да ја започнам во МКхост како Систем Администратор.

Додека траеше праксата работев директно со Support одделот но и со остатокот од тимот. Ми беа дадени проекти кои беа нови и предизвикувачи во сферата што ја студирам. Најдобриот дел од мојата пракса беше запознавањето со нови и инспиративни луѓе.

Добив многу ново знаење и вредни совети за кариерата, но покрај знаењето и советите добив и можност за вработување во професијата што ја сакам. Па така, денес со уште 5 испити пред крај на додипломските студии, сум дел од фамилијата на МКхост.

Ги охрабруваме сите активни студенти или дипломирани во иднина да аплицираат на соодветна отворена позиција во МКхост, да ја почувствуваат динамичната атмосферата за работа и да станат дел од МКхост тим.