Со промена на соодветна порта до безбедна емаил комуникација
За своите корисници МКхост секогаш се труди да ги имплементира светските ИТ стандарди. Поради тоа, МКхост веќе започна со имплементација на користење на сигурни порти и целосно исфрлање на сите други порти од своите емаил сервери.
Повеќето емаил клиенти, ги користат стандарните порти и прилагодувања за SSL автентикацијата. Во оваа статија ќе ти објасниме со детални инструкции како истите да ги промениш.
Чекор 1:
· Отвори го OS X Mail клиентот.
Чекор 2:
· Селектирај ја ‘Mail‘ опцијата и избери го ‘Preferences‘ табот.

Чекор 3:
· Кликни на полето ‘Accounts’.
· Селектирај го емаил акаунтот каде што сакаш да ги направиш измените.
· Селектирај го ‘Outgoing Mail Server‘ и во листата избери го ‘Edit SMTP Server List…‘.

Чекор 4:
· Отвори го ‘Advanced‘ табот
· Доколку опцијата ‘Automatically detect and maintain account settings‘ е вклучена, истата се исклучува.
· Во полето ‘Port’ постави ја портата ‘465’
· Кликни ‘OK‘

МКхост со овие промени цели кон зголемување на безбедноста во емаил комуникацијата.