Како да отворам е-продавница?

Едно од најчестите поставувани прашања во последните години, кога станува збор за интернет бизнисот е поседувањето на онлајн продавница. 

Сакаш да отвориш ваков онлајн бизнис, но овој поим ти звучи премногу непознато и недостапно? Да ги разрешиме твоите дилеми низ 7 чекори.

1. Кој може да отвори е-продавница? 

Има определени ограничувања доколку си физичко лице. Физичките лица можат без проблем да продаваат производи кои самостојно ги произведуваат, или пак услуги кои самостојно ги вршат.

Правните лица, од друга страна, можат да продаваат сопствени производи и услуги, но и да продаваат производи од други добавувачи. Ограничувања има, но во однос на физички лица се многу помали. 

Кога се продаваат производи од други добавувачи, од страна на странските провајдери за процесирање на плаќањата со картички, потребно е да се прикажат веродостојни договори со добавувачите, во кои јасно треба да биде наведено дека дозволуваат нивните производи да се продаваат во твојата интернет продавница.

Кај домашните банки во Македонија нивото на контрола на добавувачите во последно време е зголемено и на повисоко ниво од предходните години.

2. Со кои банки (платежни провајдери) може да се имплементира систем на плаќање?          

Во Македонија можно е да се имплементира систем на плаќање со склучување на договор со било која од комерцијалните банки. При секоја евидентирана уплата, банките земаат одредена провизија од страна на сопственикот на онлајн продавницата.

Исто така, може да се имплементира и плаќање преку Paypal и Payoneer. Како и кај македонските комерцијални банки, при секоја трансакција се зема одредена провизија. Сите платежни провајдери (домашни и странски) не дозволуваат да се продаваат недолични производи или производи кои се забранети за продажба со закон.

3. Во кои платформи може да се имплементира е-продавница?

Имплементација може да се изработи во повеќе платформи. Ние го предлагаме WooCommerce (екстензија за WordPress) и nopCommerce како најкористени и лесни за навигација. Меѓутоа, постојат уште многу други платформи на кои може да се изработи е-продавница како што се: Squarespace, Shopify, Weebly и многу други.

За самата платформа и нејзината околина неопходна е поддршка од ИТ специјалисти. Сигурноста, надградбата на функционалности, освежувањето на продавницата, одржувањето на стабилноста и перформансите на системот бараат професионална грижа. Сепак, станува збор за продавница во која купувачите треба да се чувствуваат удобно.

4. Кои работи се потребни за стартување со е-продавница?

  • Домен
  • Хостинг
  • SSL сертификат
  • Приклучок за поврзување со банка за реализација на плаќањата со картички 
  • Месечен трошок спрема банката (зависно од договорот со банката). Банките задржуваат провизија на трансакциите од 2% до 3%. Некогаш овој процент ја надминува месечната сума, и во тие ситуации банката не наплаќа месечно. 

5. Каде да ја хостирам продавницата?

Ако имаш намера да продаваш онлајн, а притоа очекуваш голем број на посетители, од особено значење е да поседуваш квалитетен хостинг. Поголемата брзина на отворање на твојот сајт е еден од клучните фактори посетителите да се одлучат да те посетуваат почесто, а се разбира, на крајот и да направат нарачка. 

МКхост како компанија нуди целосно решение за е-продавница – изработка, хостирање и домен за твојот бизнис. МКхост нуди брз и сигурен хостинг за сите намени, почнувајќи од Basic план за почетни сајтови, до Power решение за големи веб проекти.

Важно е да знаеш дека постојано работиме на подобрување на корисничкото искуство, како и на зголемување на сигурноста на корисниците на хостинг планови во МКхост.

6. Зошто е добро да имаш сопствена е-продавница?

Поседувањето на е-продавница помага во развивање на сопствен бренд. Дали знаеш дека над 60% од интернет корисниците во 2022-ра година купуваат онлајн од некоја е-продавница?

Проценките велат дека до 2040-та година, 95% од целокупната трговија ќе се одвива онлајн.

Луѓето сѐ повеќе купуваат онлајн поради едноставното искуство. Мобилните телефони ова искуство го направија уште поедноставно. Посетите преку мобилни уреди на онлајн продавниците во 2021-ва година стигнаа до удел од 70% од вкупниот сообраќај.

Поседувањето на е-продавница ќе стане неопходност на секој бизнис. Бенефитот од создавање на сопствен и уникатен бренд преку поседувањето на сопствена е-продавница, на средни и долги патеки е неверојатен. Можеш да изградиш посебна и лојална публика која постојано ќе купува од твојот бренд.

7. Како до успешен онлајн бизнис

Ако си решен да продаваш на интернет, ти треба и соодветна интернет маркетинг стратегија. Фокусот секогаш треба да биде на двата главни аспекти: промоција на самата интернет продавница, како и промоција на нејзините производи. 

И за двете работи мора да разработиш детална стратегија, како и да дефинираш алатки за промоција за најефективно искористување на широката палета канали кои стојат на располагање.

Многу успешни фирми денес продаваат онлајн ширум светот. Со добра промоција, изградба на лојална публика и внесување на иновативност, тие денес се успешни и познати.

Потребна ти е онлајн продавница?

Со искуство во е-трговија, веб апликации и веб дизајн, МКхост може да ја креира совршената интернет продавница за тебе. Твојот веб сајт или апликација ќе биде целосно оптимизирана и твоите клиенти ќе може да пристапат до истата преку компјутер, таблет или мобилен телефон.

Контактирај нѐ веднаш! Нашиот тим ќе ти испрати понуда во најбрз можен рок.