Зошто на локалните бизниси им е потребен веб сајт?

Во денешно време кога дури 81% од македонската популација се активни корисници на интернет, поседувањето на веб сајт претставува потреба, но и можност за потенцијалните клиенти полесно да се информираат и да дознаат нешто повеќе за твојот бизнис. 

Речиси сите корисници користат интернет за да го најдат бизнисот, да истражат пред да се одлучат да купат. Особено ако некој бизнис е нов и до сега корисниците не слушнале за него. Првото нешто што го прават корисниците е – онлајн проверување со цел да дознаат нешто повеќе за бизнисот и услугата што конкретно ја бараат.

Покрај клиенти во Македонија, доколку твојот бизнис има веб сајт и има верзија на англиски јазик, се проширува пазарот на кој што може да ја пласираш твојата услуга или продукт на интернационално ниво.

Од денес, па до 10-ти август, лансираме натпревар во кој еден среќен добитник ќе добие целосно веб решение од МКхост (веб хостинг, домен, како и дизајн на веб сајт).

Целта на оваа наша кампања е да ги мотивираме младите претприемачи кои неодамна започнале свој бизнис, но сѐ уште немаат свој веб сајт. 

Како да учествуваш?

Сите претприемачи кои што започнале свој бизнис (не постар од 1 година) се повикани слободно да аплицираат на следниот линк https://mkhost.com/mk/other/young-enterpreneurs  и на кратко да ни кажат нешто повеќе за нив, како и за причината зошто би требало да ги избереме. 

МКхост секогаш цели кон тоа да ги мотивира малите бизниси да бидат уште поуспешни. Преку овој начин (со добивање на персонализирано веб решение) се надеваме дека ќе придонесеме за поголем бенефит и развој на претприемништвото. 

Еве неколку бенефити што твојот бизнис ќе ги има доколку биде изберен да му се направи целосно веб решение:

  1. Репутација

Со сигурност се зголемува репутацијата на еден бизнис, особено ако е на почеток, доколку потрошувачите можат да го најдат онлајн. Многу голем дел од клиентите не ги перцепираат компаниите кои немаат онлајн присуство. Поради очекувањето дека секој бизнис денес треба да има веб сајт, за потрошувачите најчесто доаѓа како разочарување доколку бизнисот не е онлајн присутен, што може да резултира со намалена продажба.

2. Побрз развој на брендот (Brand Development)

Кога бизнисот има онлајн присуство, автоматски станува полесно препознатлив и корисниците си формираат слика за брендот.

3. Веб сајтот заштедува време 

На веб сајтот можеш да ги пласираш сите потребни информации за твојот бизнис и со тоа да заштедиш време со тоа што ќе обезбедиш одговори на најчесто поставуваните прашања и побарувања. Поради ова, ќе можеш да се посветиш на други покорисни работи. 

Среќно!