Секој корисник на МКхост добива уште побезбедна и посигурна хостинг услуга

Постојано работиме на подобрување на сигурноста на корисниците на хостинг планови во МКхост. Оттука, нашиот последен голем проект во оваа насока е воведување на антивирусниот софтвер ImmunifyAV+, наменет за хостинзи базирани на Linux.

Со овој софтвер, се прави проверка на малициозни фајлови на хостинзите на нашите корисници на неделно ниво, при што, доколку се забележи проблематичен фајл кој може да наштети на хостингот, корисникот се известува преку автоматска емаил порака.

Што е ImunifyAV+?

ImunifyAV+ е продукт на Imunify360, сет на сигурносни решенија наменет за Linux сервери, кој вклучува – антивирусен софтвер, firewall за веб апликации (WAF), PHP-layer, Patch management, како и domain reputation.

Овој софтвер е развиен од страна на CloudLinux, најсигурниот оперативен систем за хостинг провајдерите. Група на експерти постојано работи на усовршување и надоградување на Imunify360, со цел сајтовите и апликациите кои функционираат преку Linux хостинзи да бидат уште побезбедни.

Речиси 25 милиони фајлови месечно се исчистени со помош на овој софтвер, а дневно се скенираат над 460 милиони инциденти.

Што доколку се појават малициозни фајлови на хостингот?

Доколку како клиент на МКхост добиеш автоматска емаил порака дека на твојот хостинг акаунт се пронајдени малициозни фајлови, потребно е истите да се исчистат. За проверка на овие фајлови и започнување со процес на чистење, потребна е најава на cPanel и упатување во делот Security > ImunifyAV.

Во најголем дел од случаите, со клик на опцијата Clean up file, ImunifyAV+ самиот ќе го исчисти малициозниот код во фајлот, но доколку поради определена причина, не успее во тоа, во таков случај можеш да побараш помош од нашиот веб тим, или пак самостојно да се обидеш да ги исчистиш овие фајлови.

Повеќе за совети околу овој дел може да се погледне во нашата база на знаења.

Постојано работиме на подобро корисничко искуство

МКхост секогаш се грижи да обезбеди брза, стабилна и сигурна веб хостинг услуга за секој свој корисник, со цел сите веб сајтови и емаил сервиси да функционираат постојано и непречено.

Освен услугата за ImunifyAV+, во изминатиов период, направивме надоградба на сите сервери, со што истите добија RAID конфигурација. Најголемата придобивка е во тоа што секој сервер сега функционира со повеќе хард дискови кои чуваат дополнителни копии од фајловите.

Тоа значи дека и доколку потенцијално се случи проблем со еден од дисковите, податоците автоматски ги презема друг диск, со што сајтовите остануваат во редовна функција, без никаков прекин или губење на податоците кај корисниците.

Дополнително ја зголемивме и безбедноста на емаил комуникацијата, при што имплементиравме стандардни порти за SSL автентикација.

МКхост стана првиот и единствен провајдер во Македонија кој е авторизиран cPanel партнер. Преку ова партнерство, МКхост вкезе на мапата на релевантни светски хостинг компании, со што има директна соработка и комуникација со cPanel.

Дали имаш некои дополнителни предлози за нашите услуги? Нашиот тим е секогаш достапен за сите твои сугестии и прашања!