Плус адресирање достапно преку cPanel

Како компанија која што секогаш се труди да биде во тек со најновите технолошки трендови и новитети, така и овој пат сакаме да ја претставиме функцијата емаил плус адресирање.

Сите наши корисници кои имаат свој хостинг на некој од нашите shared сервери, со самото закупување на било кој хостинг план, добиваат соодветна cPanel лиценца без дополнителна доплата. cPanel нуди една супер корисна функционалност поврзана со емаил комуникацијата, која ќе се обидеме да ти ја доближиме преку овој блог пост.

Што претставува плус адресирање?

Плус адресирањето служи пред сè за подобро организирање на нашите дојдовни емаил пораки, како и прецизно сортирање на фолдерите во самото сандаче. Дополнително, оваа функција се користи за детектирање доколку некоја компанија ја „продаде” твојата емаил адреса без твое одобрување (објаснето во продолжение на текстот). За користење на оваа функција, не е потребно никакво дополнително подесување на системот или дополнителна плагин инсталација.

Имено, форматот за користење на плус адресирањето преку твојот емаил е следниот: email+nastavka@domain.mk 

На пример, ако твојот емаил е: filip@firma.mk, плус адресирана верзија би била во следниот формат filip+banka@firma.mk, 

Софтверот на cPanel го препознава плус адресирањето, па така, сите меилови испратени во овој формат пристигаат во посебен фолдер под име banka.

Во случај да не е креиран наведениот фолдер, системот автоматски го креира за тебе.

Потребно е само да биде активирана следната функција “Automatically Create Folders” во cPanel.

Истото можеш да го активираш/провериш на следниот начин: 👇

Упати се во cPanel>>Email Accounts. Потоа, одбери ја опцијата Manage за соодветниот акаунт за кој сакаш да ја активираш опцијата. Селектирај Automatically Create Folders, како на сликата:

На крај, треба да овозможиш овој фолдер да биде видлив во твоето дојдовно сандаче.

Кога може да биде корисно користењето на плус адресинг

Доколку сакаш да се регистрираш на некоја платформа и да бидеш додаден во нивната мејлинг листа, истото може да се направи со „плус адресиран” емаил. 

Ако сме се пријавиле на некоја листа со мејлот filip+imenafirma@firma.mk, во тој случај, сите пораки испратени од оваа фирма ќе ни пристигнуваат во засебен фолдер imenafirma. На овој начин, може лесно да се открие доколку фирмата го има „продадено” нашиот емаил на друга компанија без наше одобрување – со забележување на несоодветни меилови во овој фолдер. На пример – ако сме се регистрирале кај некоја компанија за достава на храна, а добиваме пораки во овој фолдер од компанија со друга дејност или различно име. Функцијата за плус адресирање ги препознава несаканите пораки.

Дополнително, како опција можно е и креирање на повеќе акаунти на иста платформа со различна наставка во форматот за плус адресирање во одреден случај. Пример, на форум на кој што се достапни повеќе теми може да направиме повеќе акаунти со помош на оваа функција и на овој начин да ги филтрираме информациите (спорт, музика, филм). Вака, известувањата за секоја различна тема, ќе ги добиваме во засебен фолдер и истите ќе бидат исфилтрирани без користење на конвенционалните филтри кои ги нудат емаил апликациите.