Кои се предностите на дедициран сервер?
Кога започнуваш со нов веб сајт, блог или апликација, една од одлуките кои што треба да ги донесеш за да имаш онлајн присуство е како да го хостираш твојот сајт. Иако постојат различни начини на кои можеш да го хостираш твојот сајт, најчесто се користат два типа на услуги – shared хостинзи и дедицирани сервери.
Shared хостинзите претставуваат споделена хостинг услуга од повеќе клиенти на ист сервер, односно корисниците што го хостираат својот сајт на определен сервер, го делат просторот со други корисници.
Со дедициран сервер, твојот веб сајт е единствениот сајт што ќе биде хостиран на серверот.
Најчесто, нови сопственици на веб сајтови, прво се одлучуваат за shared хостинг. Најчеста причина е лимитираниот буџет. Но, како што ќе расте веб сајтот и како што ќе се зголемува сообраќајот, важно е да се надогради просторот и соодветно да се инвестира во хостинг простор.
Токму дедицираните сервери се идеални за тоа.
Со оваа услуга добиваш целосен сервер наменет само за твојот веб сајт, кој е менаџиран од твоја страна (self-managed).
Дедицираниот сервер е многу побрз од обичниот shared хостинг бидејќи сите ресурси, како хостинг простор или сообраќај, се наменети само за тебе.
Кои се главните предности на дедициран сервер?
Високи перформанси и безбедност
Сакаш да го зголемиш uptime-от на твојот сајт? Токму дедицираните сервери го овозможуваат тоа. Обезбедуваат поголема стабилност и сигурност во споредба со shared хостингот.
Со самото тоа што само твојот сајт се хостира на серверот, те штити од малициозни софтвери или потенцијални спамери. Поради зголемената безбедност, најчесто се препорачува за компании кои што имаат трансакции на своите сајтови, да го користат токму овој тип на сервер.
Уникатна IP адреса
Со shared хостинг, IP адресата ја делиш и со корисници на други сајтови. Од друга страна, кога имаш сервер само за своите потреби, истиот има своја единствена IP адреса. Оттука, податоците на сајтовите или апликациите кои ги хостираш преку дедициран сервер се многу побезбедни.
Флексибилен
Како што твојот бизнис ќе расте, дедицираниот сервер може да ги задоволи твоите идни деловни потреби. Во споредба со други хостинг планови, дедицираните резултираат со флексибилност и еластичност. Исто така, корисниците можат да ги контролираат своите ресурси без никакво ограничување.
Целосна контрола
Добиваш неограничен пристап и контрола врз целиот сервер. Тој е целосно менаџиран од корисникот (self-managed).
Избери дедициран сервер за оптимален простор и максимална сигурност. Погледни ги сите информации тука!