Дали твојот веб сајт е доволно безбеден?

Со енормниот раст на интернетот како мрежа во последните децении, еден од најголемите предизвици при неговото користење претставува безбедноста.

Уделот во побезбедно онлајн искуство го имаат сите интернет корисници. Како самите посетители, така и оние кои имаат сопствен онлајн бизнис. Кои чекори можат да се преземат за твојот сајт да биде побезбеден?

SSL сертификат

SSL сертификати се мали датотеки со податоци што криптографски воспоставуваат шифрирана конекција помеѓу серверот и пребарувачот. Ваква конекција гарантира дека сите пренесени податоци помеѓу серверот и пребарувачот остануваат приватни.

SSL сертификатите го прават твојот веб сајт да има највисоко ниво на безбедност. Истите овозможуваат поголема сигурност на твоите e-commerce трансакции, лозинки, кредитни картички и кориснички информации.

Тие овозможуваат на веб сајтовите да го променат нивното url од http:// во https://. Тоа е важен знак за пребарувачите како Google да го рангираат подобро твојот сајт, но и интернет прелистувачите да го означат како безбезден за пребарување и купување.

Заштита од малициозни фајлови

Malware, или малициозен софтвер може да се појави на определен уред, мрежа или сервер. Тоа е фајл или програма која може да наштети, а се јавува во вид на вируси, worms, Trojan horses, ransomware или spyware.

Овие програми може да украдат, енкриптираат или да избришат сензитивни податоци. Нивото на штета предизвикана од нив може да биде различно.

Малициозен код може да се појави и на веб сајтовите, а тоа значи дека треба постојано да се следи и внимава на потенцијален ваков проблем. Истиот може да попречи на нивното функционирање, како од аспект на сопственик, така и од аспект на посетители.

Сите корисници на МКхост, со помош на алатката ImunifyAV+, добиваат нотификација за секој проблем кој може да се појави на HTML или PHP базирани сајтови. Тука спаѓаат и оние кои функционират на популарните платформи како WordPress, Joomla, Drupal итн.

Редовно ажурирање на платформата

Најголем дел од хакерските напади се случуваат поради пронајдена ранливост во застарени теми, плагини и екстензии на платформите врз кои е граден сајтот (WordPress, Joomla, Drupal…). Сајтовите кои функционираат преку овие платформи содржат најразлични плагини, со различно потекло. Затоа, треба постојано да се следи дали е инсталирана нивната последна верзија.

Како и секој друг софтвер, така и веб сајтовите можат да имаат определени багови во кодот. Иако некои од нив не предизвикуваат поголема штета, други можат да доведат до ранливост на твојата апликација, која во иднина може да биде забележана и злонамерно искористена.

Кога ваквите ранливости ќе бидат откриени од страна на девелоперите кои се креатори на темата, плагинот или некоја друга скрипта која ја користиш на твојот веб сајт, тие најчесто го поправаат кодот и објавуваат нова верзија, ослободена од ранливостите, која треба што поскоро да се апдејтира на твојот веб сајт. Затоа, често треба да се внимава на тоа дали сајтот е ажуриран со последните верзии на сите потребни софтверски решенија.