Како да направиш staging сајт преку WordPress?
WordPress Toolkit претставува менаџмент алатка преку која можеш да инсталираш, конфигурираш и менаџираш со твоите сајтови на WordPress. Преку оваа алатка, можеш да извршиш повеќе функции, како клонирање на сајт, или поставување на staging сајт.
Како да се клонира WordPress сајт?
Клониран сајт претставува дупликат на сајт хостиран на твојот сервер. Тој ги има истите фајлови и содржина, а сите датабази се идентични на оригиналот. Единствената разлика е во тоа што клонираниот сајт е хостиран на друг домен или поддомен.
Постојат многу причини зошто да се клонира еден сајт. Бидејќи копиите се идентични со постоечкиот сајт, клонирањето помага да се распоредат тест сајт и staging сајт. Toa e исто така брз и лесен начин да се постави нов сајт, користејќи го стариот како основна конфигурација.
Сопствениците на сајтови често користат клонирани страници за им дадат пристап на дизајнерите и програмерите до работната средина.
Инструкции за клонирање на WordPress
Логирај се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка, и потоа во делот Domains кликни на WordPress Toolkit.

Потоа избери го сајтот и кликни на Clone.

На следната отворена страница пополни ги деталите за да започне клонирањето на WordPress.
- Create subdomain – избери го доколку сакаш клонираниот сајт да биде поставен преку креирање на посебен поддомен.
- Use existing domain or subdomain – доколку сакаш да клонираш сајт го во постоечкиот домен или поддомен.
- Database; Name – внеси го името на датабазата.
- На крај, кликни на Start копчето.
- Со тоа, започнува клонирањето.


На крај ќе добиеш порака на екранот која ќе те извести дека клонирањето е успешно направено.

Што е WordPress Staging Site?
Staging Site е клониран сајт кој што ги има сите податоци и фајлови, но не е достапен за јавноста, и обично е хостирaн на друг поддомен. Сите промени што се прават во Staging Site не се пренесуваат на финалниот сајт или Production Site, се додека не се одлучиш на тој чекор.
Како да поставиш WordPress Staging Site?
Логирај се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка. Во делот Domains кликни на WordPress Toolkit.

Потоа избери го сајтот и кликни на Clone.

На следната отворена страница пополни ги деталите за да започне клонирањето на WordPress.
- Create subdomain – избери го доколку сакаш клонираниот сајт да биде поставен преку креирање на посебен поддомен.
- Use existing domain or subdomain – доколку сакаш да клонираш сајт го во постоечкиот домен или поддомен.
- Database; Name – внеси го името на датабазата.
- На крај, кликни на Start копчето.
- Со тоа, започнува клонирањето и креирањето на Staging Site и поддоменот.

По завршувањето на целиот процес, можеш да пристапиш кон Staging Site преку WordPress Toolkit интерфејсот. За полесно да се разликуваа Staging Site од финалниот сајт, користи ги етикетите (Labels) на WordPress Toolkit. Кликни Add Label и избери соодветна опција од менито.

Извршување на промени од Staging Site кон финалниот сајт.
Откако е завршено со изработка и тестирање на веб сајтот, време е промените да се постават кон финалниот сајт. За да го направиш тоа, треба да ја копираш датабазата и фајловите од Staging Site.
Во WordPress Toolkit интерфејсот на Staging Site, kликни на Copy Data.

На следната отворена страница, пополни ги деталите за да започне копирањето од Staging Site кон финалниот сајт на WordPress.

- Target – избери го финалниот сајт каде што сакаш да ги извршиш промените
- Data to Copy – избери дали сакаш да се копираат само фајлови, датабаза или комплетно сè
- Database Tables – избери дали да се копират сите бази, само новите, или селектирани од твоја страна.
- Restore – избери дали да се креира Restore point, за во случај на грешка при копирањето, да може сè да се врати на претходната состојба.
- На крај, кликни на Start копчето.
- Со тоа, започнува клонирањето.
Smart Updates во WordPress Toolkit
Smart Updates им овозможува на корисниците да го тестират ажурирањето на својот веб сајт, плагини и теми, без тоа да влијае на самата страна.
Smart Updates создава целосен клон на веб сајтот, извршува голем број прелиминарни проверки, ја ажурира клонираната страна, и повторно проверува дали нешто прекршило при ажурирањето. Истиот креира извештај кој што овозможува визуелно да се споредува сајтот пред и после ажурирањето. Ако сè е во ред, корисникот потврдува, и WordPress Toolkit го ажурира главниот сајт и го чисти клонот.
Како да се овозможи опцијата Smart Updates во WordPress Toolkit
Инструкции за клонирање на WordPress.
Логирај се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка
Во делот Domains, кликни на WordPress Toolkit.

Потоа избери го сајтот и кликни на Smart update.

Што е Hardening во WordPress Toolkit?
Сите сајтови во WordPress може да се скенират преку WordPress Toolkit, за да се идентификуваат и заштитат core инсталациите, без потреба од мануелна работа.
Со само еден клик на Scan опцијата во WPT скренирањето започнува. Можат да се прават повеќе скенирања истовремено.
Логирај се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка
Во делот Domains, кликни на WordPress Toolkit.

Избери кој сајт сакаш да го скенираш, и кликни на копчето Scan.

Се чека да заврши процесот на скенирање. Откако истиот ќе заврши, од десна страна се појавуват сите грешки на твојот сајт и предлози. Со клик на истите, ќе добиеме друга страница каде што можеме да ги поправиме истите.
