„Интернетот дава целосна независност и овозможува да бидеш сам свој шеф“

Како компанија која што се грижи за развојот на македонскиот онлајн бизнис, во летото 2021-ва, направивме онлајн иницијатива, преку која сакавме да помогнеме на македонските претприемачи кои имаат работилници и продаваат свои изработки и производи.

За најдобрата идеја, доделивме целосно онлајн решение (веб сајт со онлајн продавница, хостинг и домен). Среќната добитничка во овој натпревар беше Владанка Д. Урошева од проектот Купи украс, а во текот на февруари 2022-та, нејзиниот сајт беше официјално лансиран.

Купи украс е дел од мене (а тимот почнува да се надополнува и со членови од семејството), место каде ги претставувам моите изработки. Идејата поттикна од моите момци (деца) кои ме поддржаа моите изработки да ги ставам на Facebook страница, а потоа и на Instagram. Купи украс официјално на интернет постои 8 години, а неофицијално многу, многу повеќе“, го претставува Владанка својот бизнис.

Специфичноста на нејзиниот проект е во техниката на работа, мешавина од класичен декупаж, колаж цртање, како и специфична имагинација добиена од моментална инспирација на Владанка.

„Моите креации се рачна изработка. Секое парче е уникат, скоро никогаш неповторливо. Секогаш има некој порив во мене кој ме тера да ставам некој детал кој ќе го направи парчето барем малку поинакво. Кога започнувам да изработувам нешто, и самата чувствувам дека сум во некое спокојство и енергија која ме носи во некој свет каде сум самата со себе и парчето што го изработувам.

На крајот од изработката, ја чувствувам исполнетоста и задоволството дека на еден предмет сум му дала душа.“

За ваквите мали и занаетски бизниси, во денешно време е многу важно да имаат сопствено онлајн присуство и да допрат до пошироката публика.

„Живееме во ера на социјални медиуми, скоро да нема човек кој не е консумент на интенет. Интернетот дава целосна независност, овозможува да бидеш сам свој шеф. Можеш да работиш кога сакаш и колку сакаш, и тоа сè од дома, 24/7. Трошоците се многу мали во однос на физичка продавница.

Изложеноста на поставените работи е голема, луѓето од целиот свет можат да ги видат и да ги купуваат производите само за неколку минути“, објаснува Владанка.

Како добитничка на нашата прва награда за целосно онлајн решение, Владанка беше постојано во комуникација со нашиот веб девелопмент тим за да се изработи веб сајт по сите стандарди.

„Презадоволна сум од соработката со МКхост. Бев прашана што сакам да има, и како сакам да изгледа мојата онлајн продавница. Одговорив дека тоа е исто кога некој мене ќе ми каже како да направам јас моја изработка. Се повлеков од давање сугестии, сметам дека секој треба да се изрази во својата бранша.

Првото мое прелистување низ продавницата беше и остана со голема насмевка, но уште посреќна бев кога ги добив мислењата од моите клиенти кои рекоа дека продавницата е многу практична, прегледна и едноставана за користење, посебно истакнаа дека многу лесно е за користење преку мобилен уред“.

Владанка не застанува тука. Купи украс продолжува со нови креативни изрази и иновации.

„Рачната изработка е нешто кое не застанува само на изведба едно парче. На почетокот ме мамеа минијатурите, но во последно време тие се заменуваат со доста поголеми површини. Рачно изработени столни ламби, како и реставрацијата на мебел ми се новите предизвици“.

Погледни го новиот сајт на Купи украс!