Веб девелопмент трендови за 2022-ра година

Интернетот постојано еволуира, а со тоа и неговите содржини. Сепак, една константа останува – стремежот е секогаш насочен кон обезбедување на подобро корисничко искуство. Важно е да се знае дека во онлајн околината опстојуваат оние кои можат да останат во чекор со трендовите.

Од т.н. dark mode, па сè до mobile-first development и blockchain технологија – што ќе ја одбележи 2022-рата година во полето на веб девелопмент?

Девелопмент со приоритет за мобилни уреди (Mobile-First Development)

Статистиката покажува дека над 57% од глобалните веб сајтови во 2021-ва година биле отворани преку мобилни уреди. Оттука, не чуди фактот дека при развој на веб сајт, примарниот фокус е на развој на функционалноста токму за нив.

Изгледот и функционалноста на сајтовите преку мобилен е од многу важно значење и за SEO ранкингот на еден сајт, бидејќи и самите пребарувачи како Google ги земаат овие метрики како фактор на квалитетот на сајтот. Тука спаѓаат брзината на отворање на елементите, респонзивноста на содржината на страницата, кликабилноста на call to action копчињата, поставеноста на банерите за реклами, итн.

Single Page Application (SPA)

„Единечни страници“ (Single page applications), за разлика од класичните веб сајтови или апликации, работат само на една страница. При преглед на ваквите сајтови, нема никаков refresh, без разлика на содржината која се прелистува.

Тие содржат само една страница која иницијално го вчитува целиот сајт, а потоа и динимачката содржина на страницата. Овој тип на страници се респонзивни со помош на HTML5 и AJAX.

Дел од бенефитите на SPA се брза навигација, погодно дебагирање, како и побрзо отворање на содржината и помал bounce rate.

Претпоставките се дека ваквиот тип на сајтови/апликации помагаат во зголемување на онлајн продажбата за цели 37%.

Движечки интерфејс (Motion UI)

Се сеќавате ли на трендот на премногу анимирани ефекти на сајтовите преку Flash, својствен за раните 2000-ти? Се чини дека веќе наредната декада донесе стандарди на многу поедноставни и минималистички дизајни. Истите се покажаа како доста подобри од кориснички аспект.

Сепак, во последно време, се чини дека се враќа трендот на креативни веб сајтови, кои сакаат да се одвојат од стандардниот минимализам. Motion UI, овозможен од Sass (syntactically awesome style sheets) library, дозволува флексибилни транзиции и анимации со помош на CSS,

Темна позадина (Dark mode)

Постојат два типа на корисници – оние кои читаат на бела позадина, и оние кои читаат на темна позадина. Овој тренд на темен режим на сајтовите и апликациите се провлекува со години, а нема да ја одмине ни 2022-рата година.

За да се постигне подобра естетика, препорачано е да се користи темна сива (#121212) наместо чистата црна (#000000). Темно сивите површини можат да изразат поширок спектар на боја, длабочина и се добива поестетски изглед.

Според графичките дизајнери, темните теми се препорачани за OLED екрани. Покрај модерниот и футуристичкиот изглед, како две поголеми предности се издвојуваат заштедувањето на енергијата и влијаењето на квалитетот на дисплејот.

Потребна ти е онлајн продавница?

Со искуство во е-трговија, веб апликации и веб дизајн, МКхост може да ја креира совршената интернет продавница за тебе. Твојот веб сајт или апликација ќе биде целосно оптимизирана и твоите клиенти ќе може да пристапат до истата преку компјутер, таблет или мобилен телефон.

Контактирај нѐ веднаш! Нашиот тим ќе ти испрати понуда во најбрз можен рок.