Што е TLS сертификат? Зошто е важен за твојот сајт?

TLS (Transport Layer Security) е стандарден протокол за Интернет инженерска работна група (IETF). Истиот обезбедува автентикација, приватност и интегритет на податоците помеѓу две компјутерски апликации кои комуницираат.

Тој е најраспространетиот безбедносен протокол што се користи денес. TLS најдобро одговара за веб прелистувачи и други апликации за кои е потребно безбедно разменување на податоците преку мрежа.

Која е разликата помеѓу SSL и TLS?

Кога се споредуваат SSL сертификатите наспроти TLS, важно е да се знае дека протоколите SSL и TLS се различни во нивните функции, автентикација на пораки, пораки за предупредување, протокол за снимање и јачина на шифрирање.

Тие, исто така, се разликуваат особено во однос на процесот што е познат како „ракување SSL/TLS“. Овој процес се изведува кога двете страни (клиент и сервер) комуницираат една со друга.

TLS сертификатот е поставен за да помогне при заштита на приватноста и безбедноста на сите корисници. Без ваквиот сертификат, чувствителните информации кои се пренесени преку интернет, како што се лични информации, интеграциите за најава (корисничко име, лозинка, податоци за платежни картички) би можеле да се злоупотребат.

безбедност на сајт

Зошто е потребен TLS сертификат?

Со новиот македонски Закон за заштита на личните податоци, секој правен субјект кој поседува веб сајт и емаил адреси, потребно е да има TLS сертификат/протокол.

Во самиот закон е наведено дека правните субјекти треба да имаат обебедено примена на TLS протокол (со замена на SSL13) или друг протокол, Истиот треба да обезбедува шифрирање и автентикација, како минимум за каква било размена на податоци преку интернет. Исто така, потребна е и потврда на нејзината соодветна примена преку соодветни алатки.

Правниот субјект треба да примени технички мерки со кои ќе го гарантира точниот идентитет на страницата (pharming prevention). Треба да се гарантираат и доверливоста на информациите што се испраќаат или собираат преку веб сајтот.

Во МКхост, сите хостинг планови веќе имаат имплементирано TLS сертификат, кој функционира на серверско ниво. Тоа значи дека доколку поседуваш фирма, твојот сајт во МКхост ќе биде во тек со сите законски измени.

Квалитетот на поддршката која ја нудиме отсекогаш била првата асоцијација на брендот на МКхост. Од септември 2020-та, МКхост стана официјален партнер на cPanel, најраспространетата платформа за хостинг компаниите во светот. Преку ова партнерство, МКхост влезе на мапата на релевантни светски хостинг компании, а со истата соработка и нашите хостинг корисници добија дополнителна вредност – уште подобра поддршка