Отсега сам можеш да вратиш бекап на твојот хостинг во МКхост

Можноста за враќање на бекап на податоците кои се наоѓаат на твојот хостинг е од исклучително значење. Никогаш не знаеш дали определен проблем, или пак апдејт на твојата платформа, може да направат промени во редовното функционирање на твојот сајт.

Затоа, секогаш е важно да ја имаш можноста да ги вратиш податоците какви што биле во определен минат период, кога си сигурен дека сè функционирало како што треба.

МКхост на сите свои хостинг корисници им ја овозможува оваа опција со помош на нашата техничка поддршка. Отсега, со помош на нашата нова алатка во Корисничкиот портал, враќањето на бекап ќе можеш да го направиш самостојно! Најважно е дека овој процес е едноставен и со user-friendly кориснички интерфејс.

Во делот „Хостинг“ во менито на Корисничкиот портал, избери го соодветниот хостинг план за кој сакаш да вратиш бекап. По избор на планот, во горниот дел ќе го забележиш едниот од табовите кој носи наслов „Backup на податоци“.

Тука можеш да избереш на кој од достапните датуми сакаш да ги ресторираш податоците, и да назначиш дали сакаш тоа да биде за целиот сајт (со избирање на бекап на сите поддомени, маил конфигурација и MySQL датабази), или за секој од овие делови посебно.

По враќањето на бекап, на твојот маил ќе пристигне порака со која ќе бидеш известен дали бекапот бил успешен или неуспешен.

Внимавај на моментот дека генерирањето на нови бекапи на твојот хостинг се случува постојано, додека старите бекапи се бришат. Некои од датумите од минатото кои се достапни во моментот кога сакаш да вратиш бекап, нема да бидат повторно достапни во иднина.

Оваа функционалност е целосно бесплатна. Прочитај подетално за постапката во нашата База на знаења.