E-commerce трендови во следниот период

Пазарот на онлајн продажба во светски рамки станува сè повеќе поконкурентен. Проценката е дека до крај на 2022-ра година, е-трговијата, односно e-commerce ќе има 20.4% удел во вкупната светска продажба. Затоа е потребно постојано да се биде во чекор со сите трендови.

Раст на продажба преку мобилен

Мобилните уреди се усовршуваат со сè поголема брзина, а со тоа растат и корисниците во светски рамки. Во минатото, купувањето преку мобилни уреди се сметаше за предизвик од страна на обичниот корисник. Сепак, со текот на годините, онлајн продавниците константно го подобруваа мобилното корисничко искуство.

Денес, купувањето преку мобилен уред е поедноставно од било кога, а тоа значи дека твојата онлајн продавница треба да има одлично мобилно искуство. Тоа подразбира респонзивен дизајн со одличен UI (user interface) и UX (user experience).

Статистиките на Statista покажуваат дека уделот на купувањата преку мобилен од вкупниот e-commerce изнесува 72.9% во 2022-ра година. Трендот укажува на тоа дека овие бројки ќе продолжат да растат.

Исто така, голем број на онлајн продавници се одлучуваат да направат и сопствена мобилна апликација. Истата овозможува подобрено корисничко искуство, како и големи можности за персонализација.

Детален преглед на производите

Доколку една онлајн продавница не е добро организирана, многу лесно може да биде перцепирана како „хаотична“ од корисниците. Поради тоа, многу е важно да се внимава на структурата на сајтот или апликацијата, и како навигацијата може да се изведе на најдобар начин.

Од исклучително значење е корисникот да може да прави напредни пребарувања и да може да ги филтрира продуктите кои се поставени во онлајн продавницата. Филтрирањата можат да бидат најразлични – по категорија, по ценовен опсег, по боја, по производител итн.

A.I. алатки за персонализација

Корисниците сакаат да имаат најдобро персонализирано искуство кога купуваат онлајн. Machine learning и Artificial intelligence (A.I.) алатките имаат најголема улога во подобрување на персонализираноста при онлајн купувањето.

E-commerce продавниците денес имаат повеќе пристап до податоци од било кога. Оттука, истите имаат повеќе информации за однесувањето на корисниците, како реагираат на различни делови од сајтот, и сл.

Со помош на A.I., може однапред да се антиципираат потребите на корисниците. Статистики од Salesforce имаат покажано дека корисниците е 4.5 пати поверојатно да внесат продукт во кошничка и да го купат онлајн откако ќе добијат автоматизирана препорака.

A.R. and V.R. опции

Функциите на A.R. (augumented reality) и V.R. (virtual reality) решенијата во бизнисите за е-трговија овозможуваат интерактивно и поврзувачко искуство за купување. Помагаат во надминување на неодлучноста при купувањето кај клиентите.

Со помош на мобилните уреди и овие опции, корисниците лесно би можеле да пробаат како би им стоеле чевлите кои размислуваат да ги купат, или како ќе се вклопи новата софа со која сакаат да ја разубават својата дневна соба.

Определени истражувања покажале дека потенцијалните корисници имаат 35% повеќе шанса да го купат производот доколку би можеле да го искусат виртуелно пред да го купат. Исто така, посетата во физичките продавници би се намалила за 22% доколку корисниците би имале ваква можност.

Се очекува дека овие опции ќе се надоградуваат повеќе, ќе се прошируваат и кон социјалните мрежи, и ќе бидат достапни и за помалите бизниси.

Визуелна трговија при купување онлајн

Не е ни чудо што модната е-трговија е местото каде што купувачите „проценуваат книга според нејзината корица“. Според тоа, визуелното претставување е од најголема важност.

Ако сликите на производите не се привлечни, потрошувачите најверојатно не би сакале ни да купуваат. Ова е визуелна трговија и купување во живо – создавање на привлечни слики за рекламирање на производ и насочување на вниманието на купувачите кон тој производ со примарна цел да се направи продажба.

Популарно станува и 3D прикажувањето на продукти, со што корисниците имаат подобар визуелен преглед на тоа што сакаат да го купат.

Повеќе опции за плаќање

Нудењето на повеќе платежни опции за корисниците (multiple payment options) е од голема корист за корисниците кои сакаат да направат нарачка на твојата онлајн продавница. Статистиките покажуваат дека токму овој параметар е важен за зголемување на conversion rates (процент на конверзии во однос на посети на сајтот).

Доколку го немаат изборот за плаќање кој им е потребен, можеби во последен момент ќе ја откажат нарачката која веќе ја испланирале.

Исто така, conversion rates може да се зголемат и доколку на твојот сајт има опција корисникот да ги зачува податоците од својата картичка. Со тоа, наредниот пат, ќе може да ја заврши нарачката уште побрзо. Секако, многу е важно твојот сајт да има доказ дека е безбеден за користење и купување.

Chatbots

Автоматизираната комуникација со корисниците со помош на овој конверзационен софтвер има големо влијание на онлајн продажбата. Chatbots можат да се користат за одговарање на основни прашања, сугестии за продукти, помош при нарачка и слично. Дури 60% од милениумците купуваат базични продукти како храна и облека со помош на ваква комуникација.

Со 24/7 достапност, chatbots се идеално решение за бизниси кои сакаат да имаат постојана поддршка за своите корисници. Со chatbots се заштедува време и пари, а се зголемува задоволството на корисниците.

Потребна ти е онлајн продавница?

Сакаш да го прошириш твојот бизнис онлајн? Добиј современа онлајн продавница што ќе те издвои од твоите конкуренти. Ова лето, МКхост има специјална промоција за тебе!

Сакаш да отвориш ваков онлајн бизнис, но овој поим ти звучи премногу непознато и недостапно? Да ги разрешиме твоите дилеми низ 7 чекори.