Известување за валидација на емаил адресите на домен контакти за .mk и .мкд домени

Македонска Академска Истражувачка Мрежа МАРнет, која го донесува и раководи со правилникот за регистрација и работа со врвниот македонски (.mk и .мкд) домен, испратија барања и задолженија до регистрарите за валидација на емаил адресите кои фигурираат и се поставени како контакти за секој од регистрираните .mk и .мкд домени.
Под контакти се подразбираат регистрант контакт – сопственик на доменот, административен контакт и технички контакт.
Целта на валидацијата на домен емаил контактите е потврда за постоење на емаил контактите и нивната поврзаност со соодветните домени.
Според МАРнет барањето произлегува со цел техничко подобрување на системот за домени

Согласно ова задолжение МКхост во текот на наредните денови ќе испрати емаил до сите домен контакти за домените регистрирани во МКхост.
Како корисници на МКхост со регистриран .mk или .мкд домен очекувајте да добиете емаил со наслов: Важно: Валидирај ја твојата емаил адреса како контакт за твоите домени.
Ве молиме за валидација на вашиот емаил со клик на соодветен линк кој ќе е валиден одреден временски период
Валидацијата е потребно да се направи најдоцна до 24.02.2024та година

Доколку имате повеќе прашања или нејаснотии може да не контактирате на info@mkhost.com.mk или на 022779 444 или директно да се обратите до МАРнет на info@marnet.mk