МКхост стана првиот авторизиран партнер на cPanel во Македонија

Како едно од најголемите признанија за 14-годишната професионална работа во својата сфера како веб хостинг компанија, МКхост стана првиот и единствен провајдер во Македонија кој е авторизиран cPanel партнер.

Преку ова партнерство, МКхост влегува на мапата на релевантни светски хостинг компании, при што ќе има директна соработка и комуникација со cPanel. Оттука, сите хостинг корисници на МКхост ќе добијат уште подобра поддршка, како и дополнителни услуги по одлични цени во иднина. Истовремено, дедицираните и cloud сервери отсега ќе бидат директно лиценцирани преку МКхост.

МКхост cPanel Мапа

Лансиран во 1996-тата година, cPanel е најраспространета платформа за хостинг компаниите во светот. Овој софтвер го олеснува процесот на менаџирање со еден хостинг, како и веб сајтовите прикачени на тој хостинг, преку својот лесен кориснички интерфејс. Исто така овозможува и повеќе алатки за автоматизација.

Ова претставува и големо признание за нашиот тим, кој изминатиов период активно работеше на склучување на оваа соработка. Постојано посветени на корисниците како хостинг провајер со најдобра техничка поддршка во Македонија, продолжуваме и понатаму со внесување на новитети кои постојано го подобруваат корисничкото искуство.

Да те запознаеме со нашите сертифицирани колеги што ќе ти помогнат со сите твои прашања:

Катерина Трајковска – WHM Administrator
Ангела Стефановска – cPanel Sales Professional