Зошто треба да имаш сопствен домен?

Доменот претставува една од основните компоненти на еден веб сајт, заедно со веб хостингот и веб дизајнот. Тоа значи дека ако сакаш да започнеш со веб сајт, треба да имаш и соодветен сопствен домен. Кои се можностите и бенефитите од поседување на домен?

Дава професионален изглед на брендот (бизнисот)

Како што официјалното регистрирано име го отсликува твојот бренд (бизнис) во јавноста, така и доменот му дава „живот“ на истиот тој бренд онлајн. Домен името треба да биде едноставно, кратко и лесно за запомнување.

Поседувањето на домен ја зголемува видливоста на твојот бренд и привлекува потенцијални посетители кои може да остварат определена конверзија (продажба, претплата…) на сајтот.

Зајакнување на брендинг

Еден од најважните бенефити е дека со сопствен домен, твојот бренд ќе остави личен печат на онлајн просторот.

Твојот домен секогаш ќе биде едно од првите нешта со кое луѓето кои се потенцијално заинтересирани за твојот продукт ќе имаат допир со твојот бренд.

Изборот на добар домен има многу влијание и на препознатливоста на твојот бренд, а помага и во многу случаи поврзани со маркетинг и промоција.

Домените се лимитиран ресурс

Една од главните причини зошто треба да го регистрираш твојот посакуван домен уште денес, е дека веќе утре можеби нема да биде достапен. Побарувачката на домени се зголемува од ден во ден.

И покрај големата обемност на достапни домен наставки, еден од најголемите предизвици на оние кои се заинтересирани за почнување на онлајн бизнис е наоѓање на идеално домен име и наставка за сајт.

Доколку имаш идеја за домен име кое што е слободно и кое што потенцијално можеш да го искористиш во иднина, не се мисли да го направиш твоја сопственост уште денес!

Можеш да го користиш за професионални емаил адреси

Со сопствен домен кој го отсликува твојот бизнис, и со соодветен хостинг простор, можеш да направиш сопствени емаил адреси кои ќе завршуваат токму со името на брендот.

Со ова оставаш професионален впечаток пред потенцијалните и моменталните клиенти, и уште повеќе се издвојуваш од конкуренцијата.

Како да добиеш сопствен домен?

Дали знаеш дека постапката да добиеш сопствен домен е многу брза и едноставна? Во период од само 5 минути, и со само неколку кликови, идеалниот домен може да биде токму твој.

Секој трет .mk домен е регистриран преку МКхост. Погледни тука подетално какви видови на домени можеш да регистрираш кај нас.