Каков SSL сертификат ти е потребен за твојот веб сајт?
Да се поседува SSL сертификат за еден сајт веќе не е прашање само на избор, туку и на неопходност.
Повеќе пати сме пишувале за тоа зошто SSL е задолжителен за еден сајт, а помеѓу најважните причини е маркирањето на Google Chrome (secure или not secure сајт), како и рангирање на Google.
Секако, за онлајн продавници, SSL сертификатот е задолжителен за да може да се вршат парични трансакции.
Се прашуваш каков тип на SSL сертификат е потребен за твојот сајт?
AutoSSL сертификат за сите корисници
Секој корисник на МКхост со закупен хостинг план, добива бесплатен AutoSSL сертификат кој се инсталира автоматски со самата активација на хостингот. Овој сертификат е функција на cPanel и е дел од Let’s Encrypt иницијативата на Internet Security Research Group (ISRG).
Овој е основен вид на SSL наменет за професионален изглед на твојот онлајн бизнис (добивање на secure маркирање на прелистувачите како Google Chrome), при што твојот сајт од http:// ќе добие https:// протокол.
AutoSSL се однесува на сите домени и поддомени на сајтот.

Регуларни SSL сертификати
AutoSSL сертификатот е добар за основни презентациски сајтови, како и портали/блогови. Сепак, доколку преку твојот сајт се проширува, или пак преку него се вршат определени онлајн трансакции, постојат напредни видови на SSL кои твојот бизнис треба да ги разгледа.
МКхост нуди три видови на SSL сертификати – Personal, E-commerce и Multi.
Personal е основниот вид на SSL сертификат, кој освен https:// протокол и подобро рангирање на Google / secure маркирање на прелистувачите, нуди и силна енкрипција на податоци.
За разлика од AutoSSL, платените SSL сертификати овозможуваат Organization Validation (OV) и Extended Validation (EV), односно освен валидација на доменот, валидација добива и организацијата која стои позади тој домен.
Сертификати за онлајн продавници
Кога станува збор за SSL сертификати што се задолжителни за онлајн продавници кои, тука се E-commerce и Multi.
E-commerce и Multi доаѓаат со дедицирана IP адреса, со која твојот сајт ќе има уникатна адреса за пристапување и преку која ќе може безбедно да се вршат онлајн трасакции (плаќања).
Разликата помеѓу E-commerce и Multi е во тоа што доколку имаш повеќе поддомени во рамките на еден домен, Multi ги обезбедува сите поддомени на твојот сајт.
Ти треба помош околу SSL сертификати?
Не си сигурен кој SSL сертификат би бил најдобар за твоите потреби?
Нашиот support тим е секогаш спремен да одговори на твоите прашања. Контактирај нѐ на 02 2779 444 или support@mkhost.com.