Најголемите WordPress дизајн трендови за 2020-та година

Оваа година е време кога поради вонредната ситуација интернетот доживува веројатно историски највисока користеност, а оттука и секој веб сајт треба да се издвои со својот изглед и содржина за да го привлече вниманието на посетителите.

Над 60 милиони од светските сајтови го користат токму WordPress како content management system (CMS), односно платформа преку која го градат изгледот и содржината на сајтот.

Кои се трендовите кои во оваа година ќе го направат твојот сајт на WordPress поуникатен и пофункционален?

Значење на плагините

Да се каже дека плагините на WordPress се тренд само на 2020-та година е погрешно, меѓутоа нивното значење и нивниот обем кој постојано се зголемува, влијае врз тоа плагините постојано да бидат релевантни и корисни за сите WordPress сајтови низ сите овие години во континуитет.

Овие популарни додатоци кои лесно се инсталираат и додаваат на еден WordPress сајт, влијаат многу на корисничкото искуство на посетителите.

Листата од над 56.000 плагини за најразлични намени ќе го збогатат твојот сајт со различни функции, почнувајќи од оптимизација за интернет пребарувачи (SEO) и социјални мрежи (SMO), до правење на контакт форми и листи за претплата на корисници, како и алатки за онлајн продажба.

Имплементација на видеа

Сѐ поголемиот развој на видео содржините и нивната конзумација ја прави неизбежна нивната интеграција во рамките на сајтовите.

Видео содржини можеме да погледнеме насекаде – како дел од header на насловна страна, со цел да го привлечат првичното внимание на посетителите, понатаму како embed-ирани видеа преку некои други сервиси како YouTube и Facebook (најчесто како надополнување на текстуална содржина), па дури и видеа кои излегуваат преку определени pop up прозори.

Сепак, со имплементацијата на видеа треба многу да се внимава, бидејќи истите колку што можат да бидат корисни и да ја зајакнат функционалноста на сајтот и неговите содржини, од друга страна ако се лошо поставени и наметливи, дефинитивно ќе претставуваат негативен додаток кој што може да ги одвлече посетителите.

Минималистички дизајн

Спротивно на сајт наполнет со мултимедијални содржини (голем број на слики и видеа), сѐ поголем е трендот на едноставни и „чисти“ дизајни на кој е ставен акцент на минималистичко корисничко искуство. Овој тип на сајтови е одличен за побрзо отворање (load time) на сајтовите, кое подоцна влијае и на добри SEO резултати.

Минималистичкиот дизајн е одличен за побрза навигација на корисниците и побрзо наоѓање на содржините, што може да е одличен знак за остварување на конверзија, посебно кога сајтот врши онлајн продажба.

Комбинирано со минималистичкиот пристап, еден од трендовите кои го привлекува корисничкото внимание е и асиметричниот веб дизајн, кој го прави сајтот да изгледа повеќе „артистичен“ и овозможува да се потенцираат одредени важни делови од сајтот.

Исто така, правење на „еднострани“ веб сајтови (one-page design) може да биде одличен вид на минималистички дизајн кој е идеален за мобилно пребарување (кое го зголемува својот удел со секоја наредна година).

WordPress веб сајтови

Имплементација на вештачка интелигенција и виртуелна реалност

Развојот на artificial intelligence (AI) е стигнат до тој степен што овозможува големи бенефити за сајтовите кои ги искористуваат неговите можности. Посебно од страна на напредни алатки за анализа на податоците, како и следење на однесувањето на потрошувачите во нивниот процес на нарачка.

Од страна на веб дизајнот, виртуелната реалност (VR) прави достапност на многу нови видови на мултимедијални содржини за WordPress, како што се слики со ротација од 360 степени и 3-димензионални видеа. Предвидувањата се дека во наредните неколку години, VR индустријата ќе порасне во огромен обем. Тоа значи дека WordPress сајтовите кои ќе го имплементираат денес, ќе бидат во голема предност во однос на конкуренцијата.

Ти треба хостинг со вклучен WordPress?

МКхост има соодветни хостинг планови со инсталиран WordPress, преку кои ќе можеш да се фокусираш директно на твојата содржина и градење на квалитетен веб сајт.

Сакаш професионална помош околу твојот сајт?

Сакаш веб сајт на WordPress направен по професионални стандарди? Нашиот веб девелопмент тим е постојано достапен да изработи веб решение за твојот бизнис, продукт или услуга.

Пиши ни и ние веднаш ќе одговориме на твоето барање!