Зошто треба да го трансферираш твојот домен во МКхост?

Изборот на квалитетен провајдер е од клучна важност за успехот на твојот онлајн бизнис. Бидејќи доменот е основен и појдовен елемент од кој се гради еден квалитетен сајт, потребно е да се најде вистински и квалитетен партнер кој може професионално да ги менаџира сите свои потребни домени.

Имаш веќе постоечки домен, кој се наоѓа во некој од другите регистрари? Дозволи да ти покажеме зошто токму сега е вистински момент да направиш трансфер на твојот домен во МКхост!

Лесно менаџирање на сите твои домени

Еден од можностите кои ги нуди МКхост е автоматизирање на процесот на регистрација/обнова, како и менаџирање на сите домени кои корисниците ги имаат закупено кај нас. 

МКхост овозможи целосна автоматизација на процесот за менаџирање со домен преку изложување на API интерфејс. Целото менаџирање е автоматизирано, од регистрација на домени, нивната обнова, па сѐ до промена на именски опслужувачи и контакти. Во продолжение погледни ја документацијата за API интерфејсот. Исто така, имаме и WHMCS модул за сите корисници кои го користат истиот за менаџирање со домени/хостинг услуги.

Нудиме специјални понуди со дополнителни попусти за сите корисници кои имаат закупено повеќе домени во МКхост.

Кориснички портал креиран за твоите потреби

Корисничкиот портал на МКхост е одлична можност да ги контролираш сите твои услуги од едно место. Лесно можеш да нарачаш, обновиш или откажеш нови и постоечки услуги, да менаџираш со DNS адреси на домени, како и едноставно да управуваш со твоите контакти.

Преку порталот, едноставно и брзо ќе можеш да го контактираш нашиот тим за поддршка, како и да оставиш фидбек.

МКхост е најголем регистрар на .mk домени

Секој трет .mk домен е регистриран во МКхост, а тоа нѐ прави најголем македонски регистрар на домени. Постои голема заинтересираност од многубројни корисници, како од Македонија, така и од целиот свет, да регистрираат домени со различни наставки токму преку МКхост.

Во сите овие години додека воведувавме нови услуги и проекти кои даваат дополнителна поддршка за корисниците, нашето домен семејство континуирано растеше, што дополнително го потврдува нашиот квалитет.

Добиваш 50% попуст на хостинг план

Дали знаеш дека во моментов имаме специјална промоција, со која добиваш 50% попуст на хостинг план во првата година со трансфериран домен во МКхост? Ова претставува одлична шанса да го провериш квалитетот на нашите услуги и нашиот Кориснички портал, додека контиунирано можеш да продолжиш со развој на твојот онлајн бизнис.

Провери зошто треба да нѐ избереш токму нас како свој онлајн партнер! Доколку имаш дополнителни прашања, постојано сме достапни за тебе на повеќе начини за комуникација.