Како новите домен наставки можат да влијаат врз твојот бизнис?

Глобалната побарувачка на домени е постојано во раст, а тоа значи дека изборот на домен наставки постојано мора да се зголемува. Веројатно си забележал доколку сакаш да регистрираш определен .com домен, првиот твој посакуван избор често е зафатен.

Доколку имаш специфичен бизнис кој сакаш да го издвоиш од останатите, новите домен наставки (nTLDs) се одличен избор и алтернатива. Ние во МКхост нудиме неколку од овие наставки.

Тренд домен наставки

.xyz

Домен наставката .xyz беше популаризирана од Google во 2015-та година, кога својата холдинг компанија Alphabet Inc не можеше да ја презентира преку доменот alphabet.com, кој веќе беше зафатен.

Затоа, тие се одлучија на креативен чекор, каде што доменот за оваа компанија го регистрираа како abc.xyz. По овој чекор, неколкукратно се зголеми побарувачката за .xyz во светски рамки.

Авторот на .xyz доменот, излегува со свое мислење дека „како што и алфабетата завршува со буквите x, y и z, истото треба да е правило и за домен имињата“. Моментално над 3,2 милиони домени во светот ја користат оваа наставка.

.online

Оваа наставка нуди широк опсег на бизниси и услуги кои може да ги покрие. За старт, истиот е одличен за сите кои нудат онлајн e-commerce решенија на своите бизниси.

Полето на интерес кои ги покрива оваа домен наставка можат да бидат од супермаркети, аудио и видео содржини, недвижнини и слично.

Терминот „онлајн“ е широкоупотребуван збор кој е разбиран на повеќе од 25 јазици во светот. Тоа го прави истиот лесен за брендирање, за промоција, како и постојано релевантен. Моментално повеќе од 1,6 милиони домени ја користат наставката .online.

Други тренд домени наставки

Имаш кафуле кое сакаш да го испромовираш? Наставката .coffee е достапна. Нудиш туристички услуги или имаш сајт поврзан со патување? Тука е .travel.

Можностите се неограничени. Постојат и наставки како .design, идеална за сите индивидуални лица или фирми кои се занимаваат со креативна работа, или пак .solutions, адекватна за консултанти, едукативна содржина или пак софтверски решенија.

Како твојот бизнис ќе има бенефит од овие домени?

Со овие домен наставки, ќе имаш поголеми шанси да го пронајдеш твојот идеален домен со соодветна комбинација која можеби и ќе се вклопи во името на твојот бренд. Оттука, домен името ќе биде уште полесно за запомнување и промовирање пред пошироката јавност.

Овие домен наставки постојано се зголемуваат, и моментално нивниот број изнесува 1.100, кои опслужуваат преку 35 милиони домени во светот. Можеби нема да биде далеку денот кога овие домен наставки ќе претставуваат правило, а не исклучок.

Во меѓувреме, провери кои тренд домен наставки ги нуди МКхост за своите корисници. Можеби токму некоја од нив ќе биде идеално решение за тебе!