Важни интернет факти кои ќе ги научиш во нашата е-книга
Ако се прашуваш зошто токму тебе ти е потребен веб сајт, нашата е-книга „Како да го започнеш твојот прв веб сајт?“ е идеална за тебе.
Низ 68 страници, ќе те запознаеме со сите есенцијални елементи потребни за успешен старт на твојата онлајн приказна.
Кои се некои од најважните факти што можеш да ги научиш преку книгата?

Веб дизајнот е еден од основните елементи на веб сајтот
Самата цел на веб сајтот, како бизнис и маркетинг алатка е да донесе повеќе клиенти и да ги задржи постоечките, како и да ја зголеми продажбата. Функционалниот веб дизајн, ориентиран кон корисниците, има голема улога во растот на твојот онлајн бизнис.
Постојат повеќе опции за хостирање на твојот сајт
Најпознати видови на shared хостинзи се оние базирани на Linux и Windows. За почетници, најчест избор се Linux хостинг плановите кои доаѓаат со cPanel контролен панел. Windows хостингот доаѓа со Plesk контролен панел и се најчесто користени од корисници кои имаат потреба од понапредни технички функции.
Преку cPanel контролниот панел кај Linux хостинг плановите можеш брзо и едноставно да инсталираш повеќе од 300 апликации и скрипти кои ќе бидат од големо значење за твојот сајт – без разлика дали тоа се content management systems (CMS) како WordPress и Joomla, или пак додатоци за онлајн купување како што е Magento.
Како да направиш емаил адреси на твојот хостинг?
Во денешно време каде што најголемиот дел од комуникацијата се одвива преку интернет многу е важно да имаме своја професионална емаил адреса.
Со закупен хостинг пакет, добиваш и можност за своја професионална емаил адреса
Откако ќе добиеш податоци за најава на твојот контролен панел (cPanel), овој контролен панел се користи за управување со твојот хостинг простор (каде што освен поставувањето содржина од сајт се креираат и маилови).
Правила за ефективен веб дизајн
Биди сигурен дека твојот дизајн е доволно јасен, и дека нема потреба од дополнителни објаснувања. Кога некој корисник ќе го посети, тој не треба да размислува на кој начин да се движи низ сајтот, туку да може интуитивно да работи.
Твојот дизајн треба да има добро дефинирана структура, логички визуелни показатели и линкови кои лесно се идентификуваат. Сајтот треба лесно да се разбира, за корисниците да имаат полза од него и често да се враќаат на него.
Анализата на перформансите на сајтот е многу важна
Key performance indicator (KPI) претставува мерење на перформанс на определена активност (проект, продукт, услуга…) која го прави твојот бизнис.
Секако, и кога поседуваш сопствен веб сајт, истиот е подложен на определени KPIs, доколку посакуваш постојано да расте и да се развива.
Добрата вест во дигиталниот свет е дека твоите KPIs се лесно мерливи и споредливи. Постојат повеќе алатки преку кои може да се мери дали тоа што го работиш на сајтот е успешно, дали му треба подобрување, или дополнително оптимизирање.
Симни ја книгата за повеќе интересни факти
Поделена во седум поглавја, преку нашата е-книга ќе научиш подетално за историјата и значењето на интернетот и веб сајтовите, основните елементи на еден веб сајт, како да го започнеш сајтот, и најважно, како постојано да го развиваш и оптимизираш истиот.
Симни ја книгата тука!