Неколку причини зошто веднаш треба да ја симнеш нашата е-книга 👇🏻

Тимот на МКхост ја лансираше својата првата е-книга (прирачник) за сите почетници кои што сакаат да имаат веб сајт и да ја реализираат својата онлајн идеја.

Прирачникот ги содржи сите потребни информации со кои би требало да се запознаеш доколку сакаш да имаш свој сајт. Сите термини од домен, хостинг, како се изработува сајт, што ти е потребно за успешна маркетинг стратегија се објаснети низ поглавјата на книгата.

Погледни што ќе научиш во нашиот прирачник, и зошто треба уште веднаш да го симнеш тука.

Интернет историја

Запознај се со почетоците на интернетот, Која била првата веб страна, кога се пратил првиот е-маил, како изгледал првиот комерцијален пребарувач, кога започнала продажбата на првиот телефон кој што имал интернет, итн.

Првиот пребарувач лансиран за комерцијална употреба Mosaic бил пуштен во
употреба во 1993 година.

Развој на веб сајтовите низ годините

Каква била еволуцијата на веб дизајнот низ сите овие години од 1989-та наваму.

Подоцна, при крајот на 90-тите, се појавила нова технологија: Flash.
Flash е софтвер кој во тоа време им овозможил на графичките дизајнери да вклучат
видеа, музика и анимација, правејќи ги страните динамични и интерактивни.

Зошто е важно да се поседува веб сајт?

Зошто секој бизнис кој што се стреми да се прошири, треба да поседува веб сајт. Погледни дел од интересните статистики кои можат да се пронајдат во книгата:

•84% од потрошувачите ги земаат повеќе во предвид бизнисите кои имаат веб
сајт.


• 65% од потрошувачите повеќе веруваат на бизниси кои имаат професионални
и брендирани емаил адреси.


• 64% од потрошувачите купуваат од бизниси кои можат да ги контактираат
онлајн.


• 42% од потрошувачите поминуваат половина од времето во онлајн
истражување за следниот производ или услуга кој планираат да го купат.

Основни елементи на веб сајт

Одговорите на прашањата: Што е домен?, Зошто е потребен веб хостинг?, Каков хостинг е потребен за мојот сајт?, Како можам да го заштитам веб сајтот?, Од какво значење се SSL сертификатите?… ќе ги пронајдеш во оваа поглавје.

Услуга за веб хостинг всушност не претставува само добивање на хостинг простор,
туку еден вид на сервис кој што вклучува и дополнителни можности како што е сообраќајот (Bandwidth).


Сообраќајот претставува месечен трансфер на податоци (слики, текстови и други
фајлови прикачени на хостинг серверот) кои се пренесуваат помеѓу посетителите,
корисниците и хостинг серверот.
Искористениот веб сообраќај од страна на веб сајтот кој се хостира, пропорционално
зависи од бројот на посети.

Значење на веб дизајнот

Изгледот на веб сајтот, неговата функционалност, како и дизајн кој што е ориентиран кон корисниците, се од огромно значење за да се добие целосно функционален сајт.

Веб дизајнот е составен од слични клучни елементи како и стандардниот дизајн. Еден од нив е распоредот.

Ова е начин на кој се поставени визуелните елементи, рекламите, текстовите и
содржината на веб сајтот. Во интернет светот, клучна цел е да им се овозможи на
корисниците лесно да ги пронајдат податоците и содржината кои им се потребни.

Поставување на веб сајт

Тука настапува нашиот support тим кој што ќе ти даде детални инструкции како најлесно можеш да го поставиш твојот веб сајт. Како да креираш е-маил адреси, како да инсталираш WordPress платформа, како се додаваат дополнителни домени… се само дел од темите кои детално се опфатени.

Како да инсталираш WordPress на твојот хостинг план преку Softaculous?

1. Логирај се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка.

2. Во делот Softaculous Apps Installer кликни на WordPress.

Оптимизирање на веб сајт

Објаснуваме и што е тоа SEO, и како можеш да му помогнеш на твојот сајт да има подобро рангирање и да стигне полесно до корисниците.

Разбирањето на клучните зборови на долг рок може да даде успешно разбирање на
твојата продажна инка (sales funnel) и како потенцијалните клиенти дознаваат за
твојот сајт и прават интеракција со него во текот на нивниот процес на купување.

Кога пребаруваш определен термин (search term) на Google, Google презентира
соодветни резултати за твоето пребарување, односно страница позната како Search
Engine Result Page (SERP).

Интернет маркетинг

Интернетот тотално го промени начинот на маркетирање на бизнисите. Денес, секој со
малку ресурси и повеќе креативност преку Facebook ads, Google ads или пак емаил маркетинг, може да допре до вистинските корисници онлајн.

Еден search engine result page (SERP) на Google се содржи од:

-10 органски пребарувања по страница – резултати кои Google смета дека се
најрелевантни за определено пребарување.


-Реклами пласирани преку Google Ads – платени огласи кои се прикажуваат над или
под 10-те органски резултати.


Дали рекламата ќе биде прикажана при одредено пребарување, и дали тоа ќе биде
над или под органските резултати, односно која рекламна позиција (ad rank) ќе ја
зафати, зависи од неколку фактори

Раст и развој на сајтот

Откако ќе се запознаеш со сите основни термини околу веб сајт, следниот чекор е процес што треба да го следиш доколку сакаш да имаш успешен веб сајт на долг рок.

Најпознатата алатка која е одлична за мерење и анализа на сите податоци кои може
да произлезат од еден веб сајт е Google Analytics.


Преку оваа алатка, можеш да ги провериш сите информации за твојот веб сајт кои те
интересираат. Ова се некои од нив:

• Колку посети имал твојот веб сајт на дневно, неделно, месечно ниво, или пак за
период кој тебе те интересира (на пример, од 22.02 до 10.03). Истиот тој период
можеш да го споредиш со некој претходен период за да видиш дали овој
перформанс се зголемил или намалил, односно дали твојот KPI за број на
посети се остварил


Сите овие причини укажуваат колку е важно за еден бизнис да биде онлајн присутен и како следејќи ги чекорите во книгата, ќе имаш успешено изграден бренд.

Е- книгата можеш да ја преземеш тука.

Сакаш професионална помош околу твојот сајт?

Нашиот веб девелопмент тим е постојано достапен да изработи веб решение за твојот бизнис, продукт или услуга.

Пиши ни и ние веднаш ќе одговориме на твоето барање!