Како функционира доменот?

Денес се чини дека сè е достапно на Интернет – пристапот до најразлични содржини е лесен како никогаш досега, додека распространетоста дозволува да бидеме закачени онлајн од било кое место. А сепак, сè започнува со внесување на домен име.

Сепак, колку што е лесно за нас, толку доменот во позадина претставува еден сложен технолошки процес. Барањето информација која може да се наоѓа било каде е импресивно, но истото не е ништо различно од она што го правиме во секојдневниот живот. Како што за да испратиме физичка порака, или да се сретнеме со нашите пријатели, треба да се повикаме (отидеме) на определена адреса, така и кога нашиот компјутер (client – кој има своја адреса) ќе повика определен друг компјуер (server – кој исто така има своја адреса) доаѓаме до определена информација.

Секој веб-сајт кој функционира преку World Wide Web има специјална адреса, или URL (Uniform Resource Locator). Тој е составен од три елементи: протокол (HTTP – стандардизиран метод за трансфер на податоци преку WWW), име на сајт или домен (на пример mkhost.com.mk), како и назнака за вид на документ (.html, .php, итн).

Интересно е дека, иако во минатото сите веб-сајтови беа промовирани со www како нивен почеток, реалноста е дека тоа истиот нема ништо поважна улога од sub domain, и не мора воопшто ни да се користи.

Но, познато е дека компјутерите комуницираат со бројки, па истите не ни комуницираат со URL адреси. Секој уред конектиран онлајн има сопствена IP адреса со која комуницира со сите останати уреди. Кога ние внесуваме веб-сајт, како mkhost.com.mk, нашиот компјутер праќа барање до DNS (Domain Name System) кој претставува интермедијар и ја поврзува IP адресата со името на домен. Замислете како би изгледало доколку би требало да памтиме и запишуваме најразлични цифри за да пристапиме до определен веб-сајт, како што тоа во минатото го правевме со телефонските броеви?

Затоа, домен имињата добиваат на сè поголема вредност – едноставните и лесно запамтливи ги има во помал и помал број. Токму поради овој факт многу е важно да се бараат нови и креативни начини за имиња и екстензии.