Заврши Startup Weekend 2016 – Кои се победниците?
Заврши 6-тото издание на Startup Weekend Skopje 2016. 70-тината учесници, заедно со организаторите, менторите и судиите, го направија овој претприемачки настан најмасовен досега.
Одржувајќи се во HUB Skopje, низ само три дена, односно низ 54-те предвидени часови, млади македонски претприемачи, поделени во тимови, се обидуваа да развијат своја бизнис идеа и да се претстават најдобро со истата.
По макотрпната работа на проектите, финалето секако ги донесе најочекуваните моменти од целиот настан. Помеѓу сите одлични идеи, на ред дојде да се избере и најдобрата.
Победничкиот тим го разви проектот Cabico, кој претставува мобилна апликација којашто означува револуција во такси превозот во Македонија. Обединувајќи ги сите такси компании, оваа апликација ќе го подобри потрошувачкото искуство и услуга преку отворање на нови можности и иновации.
Им посакуваме многу среќа во имплементација на проектот на победниците и останатите учесници, а на Startup Weekend Skopje – уште многу успешни изданија во иднина.
Погледнете како изгледаше настанот низ видео објектив, преземено од YouTube каналот на Kika Aveiro.