Кое е најскапото домен име во историјата?

Честопати сме пишувале за домен имињата и зголемувањето на нивната вредност пропорционално со растот на Интернетот. Имиња кои што се лесни и едноставни за паметење се во сè помал број, па така што оваа ситуација доведува до раст на „трговија“ со домени.

Доменот Lasvegas.com, во 2005-тата година е продаден на Vegas.com, LLC за иницијални 12 милиони долари. Но, освен овие средства, компанијата е потребно да исплаќа месечни суми сè до 2040-тата година. Кога ќе се додадат сите овие суми, до 2040-та, за користењето на овој домен ќе бидат потрошени 90 милиони долари! Секако, волку голем временски период, вклучува и инфлација и намалување на конечната вредност на целосната сума.

Vegas.com, LLC, по 30-ти јуни оваа година (11 години по потпишувањето на договорот) и 132 првични месечни плаќања, има опција да го терминира договорот и да престане со користење на доменот. Моментално, Vegas.com, LLC исплаќа 208.000 долари месечно. По 2040-та, компанијата комплетно ќе го преземе доменот, без никакви обврски.

Во продолжение, погледнете кои се 10-те најскапо продадени домени, според mostexpensivedomain.name.

 

top10