„Преку интернет очекувам моите производи да ги дознаат повеќе луѓе“
Снежана Билко е македонски мотивациски говорник, како и тренер за личен раст и развој. Таа преку своите мотивациско-инспиративни видеа го поттикнува личниот раст и развој на многу индивидуи, а истовремено организира и мотивациски семинари на кои гостуваат говорници од целиот Балкан.
Снежана го направи својот нов сајт snezanabilko.mk со помош на веб девелопмент тимот од МКхост. Таа вели дека ѝ е важно да има веб сајт со кој ќе го презентира својот бизнис, за да може полесно да комуницира со своите соработници кои се наоѓаат низ целиот свет.

На прашањето како се одлучи на чекорот за тоа МКхост да биде нејзин онлајн партнер, таа го потенцира своето претходно хостинг искуство со нашата компанија.
„Видов ваша реклама, а исто така имав и претходна соработка со вашата компанија за хостингот на мојот претходен сајт.“
Техничката поддршка е од особено значење за Снежана, и преставува еден од клучните моменти за тоа зошто го одбра и препорачува МКхост.
„Би го препорачала МКхост затоа што тимот е ажурен, професионален во својата работа. Ми го изготвија мојот портал во кажаниот рок, на онаков начин каква и што ми беше првичната замисла за мојот веб портал. Имав и имам прекрасна соработка со нив и го препорачувам МКхост на сите кои сакаат да изготват нов веб сајт.“
Што се однесува до својот нов сајт, Снежана преку истиот сака да допре до уште поголема публика која ќе се запознае со нејзината работа.
„Со помош на интернетот и мојот сајт, очекувам моите производи да ги дознаат повеќе луѓе.“
На Снежана ѝ благодариме за убавите зборови поврзани со искуството со МКхост, а во исто време ѝ посакуваме и многу среќа во нејзините идни проекти и идеи.