Нова верзија на cPanel – Кои се новостите?

Контролниот панел cPanel ја објави својата 58-ма верзија (v58). Linux-базираната алатка која го олеснува процесот на менаџирање со веб хостинг, а постои на светскиот пазар веќе 20 години, продолжува со надополнувања и подобрувања кои се од голема помош за сопствениците на веб сајтови. Меѓу нив секако и корисниците на МКхост.

Новата верзија на cPanel носи неколку новости од голема корист. Според реакциите на корисниците, AutoSSL, EasyApache 4 и новата опција за addon домени се помеѓу омилените функции.

AutoSSL

По три и пол години планирање, cPanel го лансира AutoSSL, алатка која овозможува автоматска инсталација и обнова на SSL сертификати, кои ги чуваат безбедни чувстителните податоци од серверот. Наскоро очекувајте повеќе податоци за оваа опција и нејзината имплементација за корисниците на МКхост.

EasyApache 4

EasyApache 3 се заменува со EasyApache 4, откако претходната верзија служеше речиси цела деценија на корисниците. Главните проблеми со старата верзија се посочени кон долгото време за додавање PHP или Apache модул, како и проблеми со одржување поради големиот код од кој била составена третата верзија.

Новата верзија има поусовршена и побрза кастомизација, и дозволува користење на повеќе верзии на PHP. Корисниците сепак ќе можат да изберат дали сакаат да ја користат новата, или претходната верзија на EasyApache во cPanel v58.

Addon домени

Ако досега преку контролниот панел, покрај 1 домен, беше овозможено да се направат и повеќе addon домени, cPanel v58 овозможува овие дополнителни домени да се пренесат на нов, засебен хостинг и со тоа исто така да станат носечки домени.

Оваа опција е особено од големо значење ако два профила се поголеми на еден ист контролен панел, едниот може да се префрли засебно. Со тоа корисникот ќе добие поадекватно користење на ресурсите, како и поголема безбедност.

 

 

cPanel не застанува тука. Веќе се работи на v60 верзијата, која помеѓу другото, ќе вклучува и зајакната PHP-FMP поддршка, суб-акаунти во User Manager, како и понатамошно проширување на SSL пазарот.

МКхост продолжува и понатаму да ги иплементира најновите софтверски решенија, со цел задоволување на потребите на корисниците.