10 години МКхост

МКхост официјално прославува 10 години од своето постоење. Со нашата долгогодишна посветена работа која резултираше со доверба од нашите корисници, станавме #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија, како и еден од најголемите брендови во онлајн индустријата во нашата држава.

Денес МКхост е лидер во својата област, истовремено претставувајќи еден од клучните столбови кој овозможува проширување на македонскиот Интернет простор и развој на е-бизнисот. Преку повеќе промотивни и едукативни начини во изминативе години функционирање, ја поттикнуваме и информираме пошироката македонска јавност на значењето и многубројните можности од поврзувањето онлајн и поседувањето на веб сајт како алатка. Една од нашите најважни цели е да го доближиме поимот „веб сајт“ до секој граѓанин, без разлика на техничките знаења.

Во јубилејната 2016-та, МКхост го продолжи својот раст и ја има својата најпредизвикувачка година во постоењето. Ја започнавме со целокупен ребрендинг на визуелниот идентитет, продолживме со зајакнување на техничката поддршка и ресурси потребни за брза и навремена услуга кон корисниците, и најпосле, се насочивме кон долготрајно планирање и развој на брендот и елементи кои се од клучен аспект за понатамошно проширување.

Целокупниот досегашен успех и просперитет на МКхост го темели на посветената работа, напредок и иновации. Но, сето од ова би било залудно доколку не постоеја нашите лојални корисници. Затоа, овој јубилеј го посветуваме токму на нив. Оние чии сугестии, критики и нови идеи, за нас претставуваат мотивација за развивање и имплементирање на дополнителни услуги кои уште повеќе го доближуваат онлајн светот до поголемо окружување.

Секој од лојалните клиенти на МКхост ќе добие подарок изненадување, и истото може да се провери на следниот линк.

facebook