Еден работен ден со Марија, Веб девелопер во МКхост
И покрај многуте задачи и активности што ги има, Марија одвои 30 минути од своето време и ни раскажa како е да се работи во МКхост и како всушност изгледа еден нејзин работен ден.
- Кој е најголемиот предизвик со кој што се соочува веб девелопмент тимот?
Постојано како веб девелопери се соочуваме со најразлични предизвици.
И само решавање на некаков проблем без разлика дали станува збор за комплексен проблем или мал проблем, за нас тоа претставува предизвик.
Најголемиот предизвик со кој се соочуваме би рекла дека се комплексните проблеми.
Она чувство кога ќе решиш некој проблем е PRICELESS.
- Како успеваш да го координираш тимот? Која е тајната на успешна соработа?
Многу често наидуваме до мислење дека програмерите не треба да имаат изострени комуникациски вештини.
Јас не би се сложила со тоа. Како програмер ти најверојатно нема да мора да ја правиш продажбата, но дефинитивно ќе стапиш во контакт со менаџери, клиенти и соработници. Што значи дека мораш да бидеш добар соговорник ако сакаш да бидеш успешен програмер.
Во голем процент од фирмите добиваш можност да менаџираш со тим, па секако тука мора да дојде до израз и твојата комуникациска вештина.
Така што тука како одговор на ова прашање би навела дека од клучен фактор за успешна соработка во тимот е комуникацијата, тимската игра и секојдневните состаноци.
Можноста на секој во тимот да работи подеднакво на проект исто така е клучен фактор за добар тим и успешна соработка.
- Какви проекти ти претставуваат предизвик?
Најчесто оние проекти за кои не сум сигурна на самиот старт како точно да ги реализирам и каков ќе биде резултатот на самиот крај, се оние кои ми представуваат најголем предизвик. При работата на такви проект бараш начин, постојано истражуваш, учиш и си up-to-date со новите случувања и техонологии.
- Понекогаш проектите имаат кратки рокови за да се завршат. Дали заедно со тимот успевате на време да ги завршите?
Секако! Јас и мојот тим имаме одлична соработка, функционираме супер.
Секојдневните состаноци во текот на работната недела, поделбата на работни задачи и дискусиите во врска со проектите се од огромно значење за навремено завршување на задачите. Многу често имаме и непредвидлива ситуација каде се појавиле критични багови и за кои треба итна интервенција, и за таквите ситуации смиреноста и тимскиот дух биле од многу голема корист за да на крај добиеме решение на проблемот.
- Што би ги советувала идните практиканти што ќе дојдат во МКхост?
Секој персонален и професионален успех на секој од нас поединечно, а тоа доведува до професионален успех и на целата компанија.“
Во моментов интензивно се работи на зголемување на бројот на вработени во сите делови од МКхост.
Токму сега имаме отворени позиции за Систем Администратор, и би сакала да ја искористам оваа прилика за да ги повикам сите заинтересирани да се пријават и да станат дел од нашиот тим.
МКхост е одлична шанса да станете подобар во тоа што сакате да го работите, да научите повеќе и да се изградите како добар професионалец.
За сите идни програмери, систем администратори и сите оние кои се на почетокот на нивните професии мојата порака е Never give up.
Крајниот резултатот е оној кој ќе ве направи горди и ќе ви даде стимул да вложувате многу повеќе во себе понатаму.