ДНС ЗОНА – бесплатна функционалност со секој регистриран домен во МКхост

Секогаш кога се регистрира нов домен преку МКхост, корисникот автоматски добива бесплатен пристап до функционалност која се вика ДНС ЗОНА, односно DNS ZONE. Оваа функционалност е одлична за сите кои сакаат да управуваат со ДНС зоните за своите домени, да додаваат нови записи, да едитираат постоечки, како и да бришат ДНС записи.

Најчеста употреба е кога сакаме да подесиме одреден домен да насочува кон одреден сервер, со тоа што ќе ја поставиме IP адресата на серверот како A тип на ДНС запис, или доколку сакаме да ги промениме емаил серверите за доменот. Сето ова го правиме преку едитирање на ДНС зоната за доменот.

Каде да ја најдам функционалноста?

Оваа функционалност се наоѓа кај секој активен домен, во табот: ДНС зона. За пристап до доменот потребно е најава до Кориснички портал и навигација кон Домени линкот од менито.

ДНС зона

Моментално поддржани типови на ДНС записи во ДНС зоната на МКхост се:

Додади ДНС запис

  • A record (за додавање на име на хост со IP v4 адреса)
  • AAA record (за додавање на име на хост со IP v6 адреса)
  • CNAME (за додавање на слично хост име кон друго хост име)
  • MX (за подесување на емаил серверите за доменот, односно кои емаил сервери се одговорни за примање на е-пошта)
  • PTR (спротивно од A записот, односно додавање на FQDN хост име спрема одредена IP v4 адреса)
  • TXT (додавање на одредени текст информации поврзани со едно хост име)
  • SRV (запис кој дефинира одредена локација кај хост имињата, на пример дефинирање на порт за одреден сервис)

Кои предуслови се потребни за да се користи ДНС зоната на МКхост?

  • Потребно е да имате активно регистриран домен во МКхост, кој не е истечен или избришан. Проверка на нови домени за регистрација може да се врши тука.
  • Главните именски опслужувачи за доменот (т.н. ДНС сервери) да бидат подесени на:
    dns1.mk-host.mk
    dns2.mk-host.mk

МКхост ДНС сервери

Покрај додавање на нови записи, може да се врши и:

  • Бришење на постоечки запис, со клик на иконата за канта која се наоѓа веднаш спротивно од ДНС записот
  • Бришење на целата ДНС зона за доменот (овде треба да се внимава, оваа опција ги брише сите записи во самата зона)
  • Ресетирање на ДНС зоната за доменот (оваа опција ги подесува “дифолтните” подесувања на ДНС зоната, односно ги ресетира од ново сите записи)
  • Промена на одреден запис. Пример, може да се врши директна промена на A тип на запис, со тоа што ќе се ажурира IP адресата и ќе се промени во нова.
  • Кај секој запис може да се менува и TTL времето кое е во секунди. Колку помала вредност, толку повеќе ќе се “рефрешира” ДНС записот низ ДНС мрежите. Доколку се прават чести промени препорачливо е TTL да има пониска вредност, во спротивно може да остане на вредност 14400

Сервисот има поддршка и за кирилични .мкд домени

ДНС зона за .мкд домени