Што е SEO – Search engine optimization (Оптимизација за пребарувачи)?
Кога станува збор за веб презентација на еден бизнис или веб сајт за било каква намена, не може, а да не се размислува за оптимизација за пребарувачи (SEO – Search Engine Optimization).
Што претставува SEO?
Преку SEO се прилагодува веб сајтот, за да се обезбеди полесна достапност од страна на пребарувачите. Тие, врз база на нивниот алгоритам ќе одлучат на кое место да го покажат твојот веб сајт (на пример, 1. или 50.).
Накратко, кога ќе се запрашаме што е SEO би можеле да го кажеме следново:
- SEO претставува процес на подобрување.
Преку овој процес, сајтот полесно би бил пронајден од страна на пребарувачите. - Освен со број на посети, SEO се занимава и со нивниот квалитет
Ова е многу значаен елемент. Можеш да имаш голем број посети, кои не се соодветни за твојот сајт. Преку SEO подобро можеш да го насочиш твојот сајт кон целната група. - SEO се однесува на органскиот сообраќај од пребарувачите.
При пребарување на Google, во резултатите кои ги добиваш, постојат органски и платени линкови. SEO се однесува токму на органските линкови.
Три основни столбови на SEO процес
Секој SEO процес се базира на три основни столбови:
- Анализа на клучни зборови
- Фактори за оптимизација на самата веб страна
- Off Page SEO фактори
Анализа на клучни зборови
Овој столб става акцент на клучните зборови за кои сакаш сајтот да биде високо рангиран. Затоа, се спроведува анализа преку која се дознава што се пребарува на интернет (кој клучен збор се впишува во полето за пребарување).
Во овој столб на еден SEO процес ќе треба:
- Да определиш 5-6 зборови поврзани со твојот сајт или бизнис.
- Да ги пронајдеш најдобро рангираните веб сајтови за тие зборови.
- Со помош на алатки за помош за клучни зборови, да пронајдеш дополнителни зборови кои можат да имаат влијание.
- Да погледнеш во аналитиката на твојот веб сајт, како и во Google Search Console за да сфатиш кои фрази носат сообраќај на истиот.
- Да го класифицираш, селектираш и планираш користењето на тие зборови во натамошниот SEO процес.
Фактори за оптимизација на самиот веб сајт
Главните фактори што спаѓаат во овој столб, врз кој директно влијание имаш ти, се следните:
- Насловна страна (Title Tag) – Насловот што се појавува на врвот на интернет пребарувачот.
- Опис – Краток опис на содржината која се наоѓа зад линкот. Препорачано е да има максимум 60 карактери.
- Поднаслови (h1, h2, h3 … Tags) – Важни се за читателот, за да може да ја видат содржината на определената почитливо и појасно.
- Густина на клучните зборови кои се користат во содржината – Зачестеност на појава на еден збор во содржината на страната. На пример: ако во еден текст од 100 зборови, нашиот клучен збор се повторува 2 пати – густината ќе биде 2% (2/100). Зголемената густината не значи и подобро рангирање.
- Слики. – Пребарувачот гледа дека има некоја слика, но не знае што има на истата. Но со помош на alt tags кој се внесува на сликата преку код, твојата слика ќе има и текстуално значење во очите на пребарувачите.
Off Page SEO фактори
Основата на овој столб е сајтот да има повеќе влезни линкови со подобар квалитет, со цел подобро рангирање на страната на пребарувачите.
Додека првиот столб се концентрираше на релевантноста на содржината во однос на клучните зборови, овој столб се концентрира на репутацијата на твојот сајт во однос на тие клучни зборови. На релевантноста имаш директно влијание, но на репутацијата имаш лично многу помало влијание.
Следниве фактори влијаат на овој процес:
- Линкови од сајтови со висок авторитет – Ова се линкови од веб сајтови со висок авторитет во очите на пребарувачите (имаат висок Page Rank). Линкови кои доаѓат од веб сајтови со поголем Page Rank кој се движи од 0 до 10, ќе биде повреден за рангирањето на твојот сајт.
- Anchor Text – Претставува текст на кој е поставен хиперлинк. На пример, сајтот А поставува линк до твојот сајт, а текстот е „Кликни тука“, „Име на твојот бизнис“, или пак важен клучен збор за твојот сајт. Овој текст треба да биде прилагоден согласно твојот клучен збор.
Гостински пост на М-р. Драган Шутевски – https://www.pretpriemac.com/
Прочитај повеќе за како можеш да го подобриш твојот ранкинг на Google, и како изборот на хостинг влијае врз SEO на еден сајт.