Ребрендинг на МКхост

Со почетокот на февруари 2016-та, МКхост комплетно го освежи својот визуелен идентитет и прикажување во јавноста. Успешната приказна која трае веќе 10 години ја продолжуваме со еволуција на нашиот бренд, која вклучува и ново корпоративно лого.

logo-reverse

Во изминатите години работа, МКхост стана многу повеќе од обичен провајдер за хостинг и домен услуги. Како неприкосновен лидер во својата област, денес МКхост е еден од клучните столбови кои овозможува проширување на македонскиот Интернет простор и развој на е-бизнисот во Република Македонија.

Со сериозниот пристап кон клиентите, професионалната техничка поддршка и постојаните надоградби, ја зголемуваме долготрајната позиција и доверба на пазарот. Живеејќи во информациската ера, еден од клучните детали за да функционирате успешно низ истата, е да се поврзете со сигурен и препознатлив партнер, односно она што е МКхост денес.

Затоа, овој ребрендинг на МКхост ја посветуваме токму на вас, кои нѐ направивте #1 избор за вашите онлајн решенија. Продолжуваме и понатаму заедно со вас и за вас!